Регион
Нападнато седиштето на владејачката AKP во Истанбул

Најмалку едно лице е повредено во нападот на неидентификувани вооружени лица врз канцеларијата на турската владејачката Партија на правдата и развојот (AKP) во метрополата Истанбул.
Партиски извори за порталот Haberler.com изјавиле дека напаѓачите насилно упаднале во зградата во квартот Бејоглу, во саботата навечер и отвориле оган при што било полесно повредено едно лице. Додал дека напаѓачите избегале пред да пристигнат припадниците на специјалната полиција.
Безбедносните служби отвориле истрага, и веќе уапсиле едно лице кое е осомничено за нападот врз штабот врз владејачката Партија на правдата и развојот (AKP).
Премиерот Ахмет Давутоглу, кој е челник на партијата, остро го осуди нападот, уверувајќи дека одговорните ќе бидат изведени пред лицето на правдата. Регионалниот лидер на AKP, Селим Темурчи, потврдил дека едно лице е повредено, прецизирајќи дека е рането во раката и оти е пуштено на домашно лекување.
Локална канцеларија на владејачката партија во Истанбул беше нападната и на 1-ви април, кога во квартот Картал упадна вооружено лице. Откако заканувајќи се со оружје ја испразни канцеларијата, и од седмиот кат го истакна турското знаме со меч на него./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.
Регион
(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.