Регион
Несогласувања во албанската владејачка коалиција

Лидерите на двете партии кои ја сочинуваат владејачката коалиција во Албанија имаат големи недоразбирања по локалните избори во земјата.
Лидерот на Социјалистите и актуелен премиер Еди Рама и лидерот на Партијата Движење за Социјалистичка Интеграција Илир Мета кој е претседател на Собранието, имаат големи недоразбирања на локално ниво.
Медиумите во Тирана објавија дека во неколку општини дојдена е под знак на прашање коалицијата.
Како пример се наведуваат локалните институции во Поградец и Малакастра каде што двете партии не се согласуваат околу Советот и другите институции.
Албанските аналитичари наведуваат дека мудрата политика на Илир Мета кој до пред четири години беше во коалиција со Демократската партија а сега со Социјалистичката партија му овозможи како партија на власт повеќе од 8 години удвојување на бројот на пратениците што сега почнува да му пречи на премиерот Рама. /кај/мн/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.
Регион
(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.