Регион
Несогласувања во Србија за условите за членство во ЕУ
Српскиот премиер Александар Вучиќ и министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ реагираа во неделата на тврдењата на српскиот претседател Томислав Николич дела Брисел членството на Србија во Европската унија ќе го условува со признавање на независноста на Косово, велејќи дека Белград останува на својот европски пат, како и дека ЕУ официјално не побарала признавање на поранешната јужна покраина Косово и Метохија која по војната од 1999 година во 2008 година со поддршка на Западот еднострано прогласи независност.
Српскиот премиер Александар Вучиќ и министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ реагираа во неделата на тврдењата на српскиот претседател Томислав Николич дела Брисел членството на Србија во Европската унија ќе го условува со признавање на независноста на Косово, велејќи дека Белград останува на својот европски пат, како и дека ЕУ официјално не побарала признавање на поранешната јужна покраина Косово и Метохија која по војната од 1999 година во 2008 година со поддршка на Западот еднострано прогласи независност.
„Србија својата политика долго време ја градеше тоа да претставува најдобра и најодговорна политика во интерес на народот“, изјави премиерот Александар Вучиќ за новинарите кои бараа од него да ја коментира изјавата на претседателот Томислав Николиќ објавена во саботата во интервју за дневниот весник Вчерење новости.
Вучиќ, кој во неделата престојуваше во посета на гратчето Крупањ кое беше поплавено летово, притоа нагласи дека Србија ќе ги исполнува и своите европски обврски и „ќе соработува со своите други пријатели, и на Исток и на Запад“.
Српскиот премиер оцени дека Србија „станува важен фактор, не само во регионот, туку и во цела Европа“ и „тоа успева да го стори благодарејќи на сериозната и договорна политика“. „Србија има добра иднина и оние коишто не можат да придонесат и тоа да го прифатат како факт – што им можам јас“, изјави Вучиќ, пренесе Радио-телевизија Србија.
На изјавата на претседателот Николиќ реагираше и шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ, истакнувајќи дека Европската унија официјално не барала од Србија да го признае Косово.
„Србија не го промени својот став за непризнавање на независноста на Косово, ниту ЕУ официјално тоа го бараше“, изјави Дачиќ на редовната месечна прес-конференција во министерството за надворешни работи, пренесува Танјуг.
Дачиќ, притоа оцени дека ЕУ тоа може да го бара кога во Брисел би постоела согласност, потсетувајќи дека пет земји членки на Унијата не го признаа Косово. Наведе и дека и во официјалните документи на ЕУ не е запишано дека Србија има обврска да го признае Косово, и додаде дека за тоа не станало збор. „Тоа може некој да го каже во разговори кои немаат формален карактер, но во официјални разговори такво барање немаше“, истакна шефот на српската дипломатија.
Дачиќ потсети дека во бриселските документи стои обврската Србија да оствари напредок во дијалогот за нормализација на односите со Приштина истакнувајќи дека тој дијалог е „статусно неутрален“.
Николич во саботата во интервјуто за Вечерње новости порача дека Белград мора да биде подготвен да се соочи со барањето на Брисел кој приемот во ЕУ ќе го услови со признавање на независноста на Косово и повикаа за тоа што побрзо да биде постигнат национален консензус, и најави разговор на таа тема со премиерот Вучиќ.
Весникот потсети дека Николиќ по неодамнешните разговори со еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан „прв јавно проговори“ дека на Србија „сепак, пред слаткиот морков од Брисел ќе ѝ биде сервирано горкото косовски апче“.
„Зборовите на Хан од ЕУ никој не ги демантираше. А тоа значи дека и комесарот не говореше сам од својата глава, туку очигледно изнесе официјален став“, рече Николиќ./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
На Мерц му е непријатно оти е закочено членството на Западен Балкан во ЕУ
Германскиот канцелар Мерц во Минхен зборуваше за иднината на проширувањето на Европската унија, откако расправата беше поттикната од прашање на претседателот на Црна Гора.
Тој призна дека чувствува „сè поголема непријатност“ поради тоа што Европската унија не успева да постигне значаен напредок во пристапните процеси со земјите од Западен Балкан и соседството.
„Мораме да осмислиме нова стратегија за да ги доближиме овие земји до ЕУ. Не сакам да ве изгубам“, порача Мерц.
Како главна пречка го наведе принципот на едногласност, со посебен акцент на постојаното блокирање од страна на Унгарија, која ја опиша како „слон во просторијата“. Тој изрази надеж дека ова може да се надмине.
„По изборите што ќе се одржат во април, се надеваме дека ќе можеме да ги отвориме следните поглавја и да ви се приближиме уште повеќе кон Европската унија“, заклучи тој.
Регион
Експерт по несреќата: Стари трамваи биле увезени за ситни пари, одржувањето мора да биде под контрола
По вчерашната трагична несреќа во која трамвај излета од шините во центарот на Сараево, што резултираше со губење на еден млад живот и сериозни повреди на граѓаните, јавноста со право бара прецизни одговори. Додека надлежните институции ја спроведуваат истрагата, клучно е да се слушне гласот на професијата. Шевал Ковачевиќ, дипломиран сообраќајно инженерство и постојан судски експерт во сообраќајната професија, во телевизиски настап истакна дека сè уште стои на ставот дека шемата на трагедијата е несоодветната брзина. Сепак, истакнува тој, причините зад оваа брзина сè уште се непознати.
„Што го предизвика, дали беше невнимание на возачот, дали ја занемари рутата што ја движеше, дали стануваше збор за технички дефект на возилото, дали контакторот на погонот се заглави и доби приклучок, дали беше нешто друго, но фактот е дека брзината го предизвика она што се случи“, подвлече тој, потсетувајќи дека брзината на движење на оваа раскрсница е 10 км.
Како што нагласи, тоа е „тројно и повеќекратно опасно место“, каде што се среќаваат трамвајот, раскрсницата и интересите на другите возила.
„Многу сложена раскрсница која има безброј точки на конфликт, можеби ако требаше да се пресмета сообраќајот, ќе имаше 35-36 точки на конфликт. Мора да се пристапи кон оваа раскрсница со голема претпазливост“, додаде Ковачевиќ.
Коментирајќи го видеото, Ковачевиќ повторува дека очигледно станува збор за „огромна брзина“.
На прашањето дали една од причините за неприлагодената брзина може да биде фактот што железницата е реконструирана на тоа место, а трамвајот што излетал од шините бил од постар датум на производство, тој одговара:
„Веројатно е дека пругата е обновена на таа локација и дека нема технички дефекти, не знаеме, тоа ќе го утврди истрагата. Но, што се однесува до вториот дел, без разлика каква била пругата, дали е овозможено нормално движење, дали трамвајот е неисправен, дали има гуми или тркала што се потпираат на шините и ја пренесуваат тежината, дали количките на кои се потпира каросеријата се со зголемен клиренс, во празен òд или ако гумите се истрошени, возилото станува нестабилно и колку е поголема брзината, толку е поголема нестабилноста“.
Тој, исто така, апелираше до обвинителот или раководителот на случајот да ги користат сите достапни видео надзори од околните згради и објекти од железничките станици до влегувањето во процесот на удар, „да се види кој одел директно зад ова возило, никој да не го вознемирува возачот, едноставно да се расчисти“.
Како едно од решенијата за оваа комплексна раскрсница, тој смета дека е потребно да се инсталира видео камера со контрола на брзината и за трамваите и за сите други возила што минуваат низ тој дел од патот.
Осврнувајќи се на староста и рокот на траење на трамвајот, Ковачевиќ смета дека овој исход веројатно немаше да се случи доколку беше еден од новите трамваи, со оглед на техничката исправност, висококвалитетните гуми и амортизерите, кои овозможуваат безбедно движење по шините.
Факт е, продолжува тој, дека станува збор за трамвај стар 55-60 години, и ја истакнува потребата од квалитетен дневен, неделен и квартален преглед на возилото, со прецизни информации во картичката – кој го направил тоа и што направил.
„Пред војната работев во GRAS околу 3 и пол години, имавме таканаречена регенерација на делови, сите оние делови што беа во исправна состојба, се чистеа од маснотии, прашина, загадување, се ставаа во решетка за кога ќе бидат потребни за да не мора да се купуваат нови и да бидат во резерва. За жал, по војната, се увезуваа стари трамваи за ситни пари, а беа увезувани и делови што не беа потребни. Денес, во хангари има делови што никогаш не се користеле“.
„Оваа старост на трамвајот без понатамошно оправдување не требаше да се пушта во сообраќај. Има некои што се подобри, но бараат редовно одржување проследено со документација. Такво нешто не постои, само писмено. Дневна инспекција, кој ја извршил работата, седумдневни, тримесечни инспекции, што е направено и кој го извршил тоа. Не гледам дека има некаков ред во оваа ситуација. Последиците се големи. Работа со возачите. Трамвајскиот сообраќај е армија и треба да се почитува на тој начин. „Одговорноста е голема. Нема алтернатива, сè мора да работи беспрекорно“, нагласи тој.
Регион
(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица
Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога трамвај излета од шините во центарот на Сараево, при што загина едно лице, а четири други беа повредени, од кои едно тешко.
Обвинителството најави дека нема да изнесуваат никакви информации додека не заврши истрагата, вклучително и стручен преглед на уништениот трамвај кој беше изваден од шините дури вчера вечерта. Видео од моментот на несреќата што се појави на социјалните мрежи и е снимено од автомобил што минува, јасно го покажува трамвајот како влегува во кривината со голема брзина, иако ограничувањето за трамвај на таа локација е 10 километри на час.
Zašto je hitna stala usred raskrsnice? Kao da čeka nešto. #tramvaj #sarajevo pic.twitter.com/I1D9ulmUmx
— Bosnia Reporter (@BosniaReporter) February 12, 2026
Првичните проценки се дека големата брзина, но и лошата состојба на стариот трамвај, довеле до излетувањето од шините, каде што тој ја пробил заштитната ограда и завршил на прометен пат.
По полициската истрага, беше потврдено дека лицето кое беше згмечено до смрт од трамвајот всушност е 23-годишен млад човек. Во времето на несреќата, тој го чекал на станицата трамвајот што го уби.
Медиумите објавија дека станува збор за Ердоан Моранкиќ од Брчко, кој студирал ликовни уметности во Сараево.
„Никогаш не поминуваше без да се поздрави. Им помагаше на сите и сите го фалеа. Во шок сме и не можеме да веруваме дека ова се случи“, изјави неименуван извор од Академијата за ликовни уметности за порталот „Дневни аваз“.

Повредена девојка сè уште се бори за живот
Општата болница во Сараево потврди дека на 17-годишно девојче кое е тешко повредено по ударот од трамвај, морало да ѝ се ампутира ногата, а нејзиниот живот сè уште е во опасност.
„Продолжуваме со интензивната терапија“, изјави директорот на болницата Исмет Гавранкапетановиќ.
Јавната транспортна компанија ГРАС во Сараево, која управува со трамвајскиот сообраќај, објави дека нема да коментира за случајот додека не заврши истрагата.
Окружниот министер за транспорт Аднан Штета објави дека ќе инсистира да се утврдат сите околности на несреќата и одговорните да бидат казнети.

