Регион
Николиќ: Добро го слушнав Хан, Косово е услов за ЕУ

Српскиот претседател Томислав Николиќ, во интервју за телевизијата N1 изјавил дека добро го слушнал еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори Јоханес Хан, кој на еден разговор неодамна му порачал дека признавањето на Косово е услов за влез на Србија во ЕУ.
„Ако лажам јас, тогаш снимките не лажат“, изјавил Николиќ, додавајќи дека „сензационалното“ признавање на Косово не смее да се случи.
Како што навел српскиот претседате, мора да биде најдено решение кое не било повикување исклучително на српскиот Устав, или пак од албанска страна, повикување на состојбата на теренот.
Коментирајќи ја изјавата на поранешниот косовски премиер Хашим Тачи дека Србија де факто го признала Косово, Николиќ изјавил дека тоа е „безобразно“, поради тоа што Тачи учествувал во преговорите и знае дека тоа не било никогаш поставено како прашање.
„Тоа само ги отежнува позициите на привремените институции на Косово пред разговорите во Брисел, бидејќи ќе биде тема на разговор“, рекол Николиќ./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.