Регион
Николиќ: Којзнае што прават со бегалците во Бугарија!

Српскиот претседател Томислав Николиќ упати критики кон Бугарија поради третманот на бегалците во таа земја, тврдејќи дека нивните реакции кога станува збор за поминувањето низ Бугарија биле исклучително негативни, пренесуваат бугарските медиуми.
„Слушнав од луѓето кои минуваат низ планините меѓу Бугарија и Србија, да го велат следново: `Само не нé враќајте во Бугарија!` Којзнае што се случува со луѓето таму, во оваа демократска држава, членка на Европската унија, кога бегалците реагираат на овој начин?“, изјави Николиќ во интервју за руската агенција Sputnik.
Николиќ во интервјуто, исто така, потенцира дека ја користи секоја средба со рускиот претседател Владимир Путин за да разговара за досегашната и идната соработка меѓу Србија и Русија, којашто ја симболизира единството.
„Кога ја спомнувате Србија, веднаш до неа ја ставате Русија. Исто така и обратно“, порача српскиот претседател./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.