Регион
Нуланд: Вашингтон не бара од Србија да избира
Вашингтон имаат разбирање дека Србија има традиционално цврсти врски со Русија и не гледаат контрадикторност за тоа Белград да има добри односи и со Русите и со САД, порача во понеделникот вечерта помошничката американски државен секретар Викторија Нуланд, на крајот од нејзината куса балканска турнеја, по разгорите со српскиот премиер Александар Вучиќ порачувајќи дека Соединетите држави „се горди“ бидејќи може да ја имаат Србија за партнер.
„Разбираме дека Србија има долготрајна соработка и дека нејзините врски со Русија се цврсти и фамилијарни, и културни и религиски… Не гледаме спротиставеност во тоа Србија да има добри односи и со Русија и со САД, Никогаш не би помислиле од партнерите и до сојузниците да бараме да избираат страна“, порача Нуланд одговарајќи на прашањето дали САД ќе бараат да се дистанцира од Русија, исто како што претходно во понеделникот шпекулираа и некои македонски медиуми пред нејзината посета на Скопје.
Нуланд во Белград додаде дека и САД имаат добри и живи разговори со Русија, потсетувајќи дека претседателите Барак Обама и Владимир Путин се сретнаа и разговараа минатата седмица.
„Важно за сите нас тие односи да бидат добри, да се работи на нивното подобрување, но исто така ќе продолжиме да очекувам и цврсто да бараме тие (Русија) да и исполнат своите меѓународни обврски и сето во врска со владеењето на правото“, рече Нуланд.
Нагласи дека САД „секогаш ќе бидат тука и ќе ја поддржуваат Србија на нејзиниот европски пат“. Нуланд, исто така, високо ја оцени улогата којашто Србија ја има во регионот, во регионалните иницијативи и помирувања,
Помошничката на американскиот државен секретар изјави дека САД го сметаат за многу важно продолжувањето на дијалогот на Белград со Приштина. А на прашањето дали на крајот од нормализацијата на тие односи, Србија треба да го признае независно Косово, Нуланд само рече дека „процесот на дијалогот се одвива во добар правец“.
„Ние сме многу силни поборници на дијалогот, гледаме тој процес да расте и да се подобрува, тоа е процес кој ќе трае и ние сме многу заинтересирани да го забрзаме и помогнеме“, изјави Нуланд, пренесуваат во понеделникот вечерта белградските електронски медиуми.
Според Нуланд, САД се многу горди од тоа што партнер им е Србија, како и на тоа што земјата продолжува на патот на демократските реформи, кон јакнење на владеењето на правото, слободата на медиумите и создавање поволен амбиент за странски вложувања.
Забележа дека ова е трета година во низа како во текот на јули спроведува, како што кажа, интеграциска турнеја по Балканот, констатирајќи дека Белград секогаш се наоѓа на таа рута кога се посетуваат балканските земји.
„Особено оваа година посетата е правовремена, бидејќи се одржаа избори и му честитаме на премиерот на новиот мандат. Мило ми е што можеме да зборуваме каде Србија натаму се движи“, рече Нуланд.
Се согласи со српскиот премиер Вучиќ дека меѓу двете земји има заеднички интереси да се зајакне трговската размена и американските инвестиции. „Повеќе инвестиции се во пораст, но сакаме да има уште повеќе и подобри, и на тоа сите работи“, вети Нуланд.
На крајот, од името на американскиот претседател Барак Обама му се заблагодари на Вучиќ на одлуката Србија да помогне во префрлањето на двајца затвореници на американскиот затвор Гвантанамо, обвинети за тероризам, со што, како што рече, им се придружила на другите европски земји кои помагаат тој затвор да биде затворен./крај/мф/сн
Извор: Танјуг/РТС
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика
Бројот на микропластични честички во Јадранското Море драматично се зголемува, понекогаш надминувајќи половина милион на квадратен километар. Научниците велат дека опасните хемикалии можат да влезат и во синџирот на исхрана преку него, објавува Dnevnik.hr.
Просечната концентрација на микропластика во Јадранското Море е околу 250.000 честички на км². Според мерењата на водите во Ровињ, бројот понекогаш достигнува 600.000.
„Досега, сите примероци што ги обработив имаа микропластика. Нема примерок што го обработив досега, а кој немал микропластика“, рече Виктор Стинга Перуско од Центарот за морски истражувања на IRB во Ровињ.
„Бројот постојано расте бидејќи имаме нов влез, додека се произведува пластика, можеме да бидеме сигурни дека оваа пластика ќе заврши во морето во одреден момент“, додаде тој.
Голем дел од влакната што се невидливи за окото доаѓаат и од домаќинствата. И со секое перење на машината за перење, додаваме уште малку. Влегува во организмите на рибите, а потоа и во нашите тела преку храната.
Влијанието врз здравјето, велат научниците, сè уште не е доволно истражено.
фото/Depositphotos
Регион
Вучиќ: Не ја напаѓам ЕУ, туку ја штитам Србија, нема да бидеме понижени
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави дека е сигурен дека Србија ќе најде решение и ќе го забрза патот кон ЕУ, додавајќи дека не ги бојкотира членовите на Европскиот парламент, туку дека тие покажале големо непочитување кон земјата.
„Ја повикувам претседателката на Собранието повторно да го отвори дијалогот со невладиниот сектор, да разговараме за сè што е добро за земјата. Секако, не правете го она што директно е во спротивност со интересите на Србија, и тоа е мое барање“, изјави Вучиќ за „ТВ Пинк“.
„Мојот повик до г-ѓа Брнабиќ е да го повтори тој процес, да ги вклучи сите во тој процес“, додаде Вучиќ и нагласи дека се надева дека ќе се најде решение.
Запрашан за европратениците кои рекоа дека доаѓаат во Србија, иако разговорите со српските претставници не беа соодветно најавени, Вучиќ рече дека го бојкотира само Тонино Пицула.
„Ниту нè прашаа дали се добредојдени, ниту ни ги соопштија датумите, ќе беше убаво да прашаа дали претседателот е тука, а пред еден месец го закажаваа тоа. Не направија ништо од тоа, туку рекоа „тогаш ќе стигнеме“, а јас сè се договорив во Давос пред пет месеци“, истакна Вучиќ.
Во исто време, ги праша европратениците зошто не покажаа почит кон неговата земја, додавајќи дека тие, заедно со блокадерите, не сакаат дијалог.
„Ние сме на европскиот пат, но нема да бидеме понижени од некои европратеници, а моја работа е да го спречам тоа“, рече Вучиќ.
Тој истакна дека е единствениот од регионот што е почестен и дека е најавен на бизнис форумот во Давос на исто ниво како и светските лидери.
„Сите доаѓаат во Давос и сите сакаат да бидат слушнати, а пред сè сакам да слушам и да присуствувам на сите настани што се организираат. Обично само еден претседател е таму цел ден, а тоа сум јас, од рано наутро до вечер, бидејќи немаме пари да плаќаме за скапи хотели. Се наоѓаме на околу 20 километри од центарот на настанот“, рече Вучиќ.
Регион
(Видео) Инцидент во хрватскиот парламент: пратеничка ја удри струја
За време на вчерашната парламентарна дебата во Хрватска, пратеничката Далија Орешковиќ ја „стресе“ струја.
Додека зборуваше членот на ХДЗ, Марко Павиќ, таа гласно вресна, а потоа почна да ја тресе раката.
„Извинете, колега Павиќ, дајте ми кратка пауза. Дали сте добро, колешке? Дали ви треба помош или нешто слично?“, прашал заменик-претседателот на Парламентот, кој во тој момент претседавал со седницата.
Орешковиќ одговорила дека сè е во ред, а се чини дека струјниот удар се случил кога се обидела да го вклучи полначот, пренесува Дневник.хр.

