Регион
Обама за Грција: Да не се притискаат земјите во длабока депресија

Американскиот претседател Барак Обама зборувајќи за кризата во Грција, изјави дека „не може да се продолжи да се врши притисок врз земјите коишто се длабока депресија“, во интервјуто коешто во неделата беше емитувано на CNN.
„Не можеме да продолжиме да вршиме притисок врз земјите коишто се во длабока депресија. Во дадениот момент потребна е стратегија на растот за да може да вратат долговите“, изјави американскиот претседател Барак Обама, во моментите кога новата грчка влада предводена од радикалната левица Сириза ги загрижува меѓународните доверители тврдејќи дека сака повторно да преговара за долгот на земјата.
Обама призна дека на Грција „неопходно и’ се потребни“ реформи, меѓутоа дека „многу тешко е да се започнат промените доколку нивото на животот на луѓето паднало за 25 отсто. Долгорочно, политичкиот систем, општеството тоа повеќе не може да го трпи“.
Бруто домашниот производ (БДП) во Грција падна за околу 25 отсто во периодот меѓу 2009 и почетокот на 2014 година, а потоа порасна во вториот и во третиот квартал од 2014-та, по годините рецесија.
Американскиот претседател додаде оти се надева дека Грција ќе остане во еврозоната, но дека тоа би барало „компромиси од сите страни“. Обама во разговорот за CNN воопшто изрази загриженоста поради слабите стапки на раст во Европа./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките медиуми.
На телото на девојчето наишол маж од Египет, кој веднаш ја известил полицијата со повик на бројот за итни случаи 112. Екипа на Брза помош го пренела телото во Детската болница, каде се очекува да биде извршена обдукција.
Во меѓувреме, полицијата ги проверува списоците на исчезнати лица, но засега идентитетот на жртвата не е утврден.
Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.