Регион
Обид за киднапирање на девојче во Црна Гора

Црногорската полиција трага по две непознати лица кои во вторникот се обиделе да киднапираат петнаесетгодишно девочје во Цетиње.
Обидот за киднапирање се случил во вторникот околу пладне во близина на основно училиште. Таткото на девојчето го пријавил случајот во полиција, два часа подоцна.
Тој изјавил дека во моментот на обидот за грабнување, заедно со својата сопруга се наоѓале во Подгорица. „Ќерка ми ми кажа дека заминала во продавница, кога забележала автомобил со регистерски ознаки со бела боја-караван којшто полека и се приближувал од позади“ изјавил таткото во полиција.
Девојчето помислило дека возилото ќе застане пред контенјерот кој бил во близина. Во автомобилот имало двајца мажи, еден на возачкото седиште и еден на задното седиште.
Мажот кој седел на задното сеиште ја отворил ватата, го фатил девојчето за левата рака и се обидел да ја пикне во автомобилот. Во тој момент девојчето го удрило киднаперот со телефонот којшто и бил во рацете и успеала да избега.
Таткото постојано е во контакт со полицијата и се надева дека киднаперите ќе бидат фатени./крај/бли
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.