Регион
Обвинителството бара итно враќање на Шешељ во Хаг

Итен предлог за извршување на одлуката за укинување на предвременото ослободување на Воислав Шешељ упати во вторникот обвинителството до Жалбениот совет на Хашкиот трибунал.
Итен предлог за извршување на одлуката за укинување на предвременото ослободување на Воислав Шешељ упати во вторникот обвинителството до Жалбениот совет на Хашкиот трибунал.
Обвинителството во Предлогот, потпишан од главниот обвинител Серж Брамерц, побара од Жалбениот совет да му наложи на Претресниот совет да ја отповика одлуката за привремено пуштање во рок од еден ден од денот на одлуката за овој предлог.
Потсетувајќи дека на 30 март Жалбениот му наложи на Претресниот совет „веднаш“ да издаде налог за отповикување на привременото ослободување и да му наложи да се врати во притворската единица, Обвинителството наведува дека две седмици потоа Претресниот совет не ја спроведе одлуката на Жалбениот совет.
Обвинителството оценува дека тоа е „неоправдано одлагање на недвосмислениот налог на Жалбениот совет“ и додава дека здравствената состојба на Шешељ е ирелевантна за спроведување на одлуката. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките медиуми.
На телото на девојчето наишол маж од Египет, кој веднаш ја известил полицијата со повик на бројот за итни случаи 112. Екипа на Брза помош го пренела телото во Детската болница, каде се очекува да биде извршена обдукција.
Во меѓувреме, полицијата ги проверува списоците на исчезнати лица, но засега идентитетот на жртвата не е утврден.
Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.