Регион
Одбележување на втората годишнина од протестите на Гези
Повеќе од илјада луѓе излегоа во неделата на улиците во турската престолнина Истанбул одбележувајќи ја втората годишнина од протестите кои започнаа како еколошки во паркот Гези, и прераснаа во демонстрации ширум Турција против тогашниот премиер а сегашен претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Антивладините демонстранти во неделата се собраа во главата истанбулска трговска улица Истиклал, меѓутоа полицијата ги спречи да дојдат до историскиот плоштад Таксим, кој стана симбол на протестите во 2013 година. Уште во саботата беа објавени правците во Истанбул кои ќе бидат затворени за движење во неделата. Меѓутоа, сепак, една група од 250 лица успеале да се пробијат во Истиклал во знак на сеќавање на жртвите за време на протестите, како резултат на полициската бруталност, пренесуваат тамошните медиуми.
Во медиумските извештаи се одбележува дека меѓу демонстрантите биле и челниците на опозициската Републиканската народна партија (CHP), меѓу кои и потпретседателот Сезгин Танрикулу, кандидатот за парламентарните избори на 7-ми јуни од оваа партија за Истанбул, како и Умут Оран, челникот на Партијата на слободата и солидарноста (ODP), Алпер Таш.
На протестот присуствуваше и Ѓулсум Елван мајката на 14-годишниот Беркин Елван кој почина на 14-ти март 2014 година, по 269 денови минати во кома, откако беше погоден во главата од патрон со созлавец испукан од полицијата. Елван го критикуваше политиките и однесувањето на претседателот Ердоган, кои според неа предизвикале нејзиниот син да настрада, кога одел да купува леб во близина на местото на полициската интервенција против демонстрантите.
Демонстрациите ги организираше „Солидарност на Таксим“, главната организација на невладини здруженијата коишто се критични кон власта на Ердоган. Со нив се одбележува втората годишнината од растурањето на еколошките активисти кои седејќи на земјата протестираа против сечење дрва во паркот Гези, пред плоштадот Таксим, каде што е планирано градење џамија, опера и станбено-деловен комплекс.
Во мугрите на 31-ви мај 2013 година полицијата насилно одвлече стотина еколошки активисти кои се противеа на уривањето на паркот. Репресивното однесување на полицијата придонесе за зајакнување на движењето и тоа да прерасне до најмасовен дотогаш политики протест против авторитарното владеење на исламско-кознервативниот премиер Ердоган кој во август 2013 година стана претседател на Турција.
Околу 3,5 милиони Турци, според официјални податоци на турската полиција, дефилираа тогаш во првите три седмици од јуни против Ердоган ширум Турција. Полицијата остро реагираше против демонстрантите кои ги обвини за насилства, и притоа загинаа најмалку осум лица, а повеќе од 8.000 беа повредени. Западните партнери на Анкара тогаш го осудија жестоката интервенција на полицијата.
Самиот Ердоган во повеќе наврати ги осуди демонстрантите нарекувајќи ги „терористи“, кои сакаат да ја ослабат државата и предупреди дека владата нема да се расправа со улични бунтови./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Србија прогласи вонредна состојба поради снегот: Илјадници домаќинства без електрична енергија
Србија утрово се разбуди под снег и мраз, а поради лошите временски услови, вонредна состојба е во сила во дури 11 општини и градови. Најголеми проблеми се прекините на електричната енергија, поради што повеќе од 6.000 домаќинства останаа без струја, пишува Н1 Србија.
Илјадници домаќинства без струја
Милорад Спасојевиќ од Секторот за вонредни ситуации потврди за РТС дека најголемиот проблем е прекинот на електричната енергија. „Околу 6.450 потрошувачи се без струја. Најлошо е во златиборската, колубараската, моравичката и мачванската област“, рече Спасојевиќ.
Цела Србија се разбуди со температури во минус. Најстудено беше на Копаоник, каде што беа измерени -17 степени, додека најниските температури меѓу градовите беа забележани во Кикинда и Сјеница, со -10 степени.
Според податоците од Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) од 6:09 часот наутро, во Белград, Ниш и Крагуевац се измерени -5 степени, а во Нови Сад -8 степени. На Црни Врх, каде што е регистрирана и снежна бура, температурата била -13 степени, а на Златибор -11 степени. По многу студеното утро, се очекува температурата да се зголеми на некои места во текот на денот.
Поради опасни временски феномени, утрово е во сила портокалова временска тревога за Белград, Бачка, Банат, Срем, Западна Србија, и Југозападна Србија.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)

