Регион
Официјална Тирана: Српските власти да го расчистат инцидентот предизвикан заради лошата организација
Официјална Тирана по инцидентот што се случи во Белград на квалификациската фудбалска средба Србија – Албанија, побара од српските власти да го обелоденат инцидентот, и притоа албанскиот државен врв ги обвинува српските власти за слаба организација на средбата.
Албанскиот министер за внатрешни работи Саимир Тахири во пораката упатена до неговиот српски колега веднаш по инцидентот наведува дека „Српската влада е одговорна за безбедноста и здравјето на играчите. Владата е таа која гарантира безбедност на стадионот“.
Премиерот Еди Рама на социјалните мрежи нагласи дека тој е горд со играта на црвено-црните и притоа оценува дека сè додека имало фудбал, албанската репрезентација победила. Рама инцидентот го оцени како „срамна страна на соседот на фудбалското поле против албанската репрезентација“.
Духовниот лидер на десницата и екс претседател и екс премиер на Албанија Сали Бериша изјави дека „Албанија ги победи варварите“.
Шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати, коментирајќи ги настаните во Белград, истакна дека фудбалот не треба да биде заложник на екстремизмот.
Според албанските медиуми, илјадници навивачи на албанската репрезентација прославуваа до утринските часови.
Новинската агенција balkanweb објави информација повикувајќи се на косовски медиуми, дека знамето на „Етничка Албанија“ на стадионот на Партизан во Белград било подигнато од страна на група на Албанци од Косово кои живеат во Швајцарија. Медиумите исто така наведуваат дека истото знаме, и покрај тоа што било внесено во соблекувалните на албанската репрезентација од еден од играчите, завршило сепак во рацете на главниот делегат на ФИФА.
Албанската федерација информираше дека очекува средбата која беше прекината во Белград да биде регистрирана со резултат 3:0 за Албанија , бидејќи сè што се случило било заради слабата организација на домаќинот. /крај/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Автобус изгоре на автопат кај Солун, патниците навреме евакуирани
Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, јавува „Катимерини“.
Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Сите тројца патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот.
Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот.
Фото: илустрација (Depositphotos)
Регион
Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград
Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње.
Полицијата и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград се на местото на настанот, а истрагата е во тек, пренесуваат медиумите во регионот.
Деталите, според написите, засега не се познати, но според извештаите никој не е повреден во експлозијата, но е причинета голема материјална штета, пишува „Телеграф“.
Пејачот бил во куќата
Полицијата веднаш ги блокирала приодите кон куќата по приемот на пријавата.
Припадници на Министерството за внатрешни работи спроведуваат истрага, а форензички експерти собираат докази и ги прегледуваат снимките од безбедносните камери за да го идентификуваат сторителот, пишува медиумот.
Во моментот кога била фрлена бомбата, Чолиќ, неговата сопруга и помладата ќерка Лара биле во вилата.
Според Телеграф, тие спиеле во моментот на експлозијата, а звукот ги разбудил.
Фото: ЕПА
Регион
Фалсификуваните пари за Балканот и ЕУ најчесто доаѓаат од Романија
Најголемите количини фалсификувани пари што пристигнуваат на Балканот и во земјите на Европската Унија потекнуваат од илегални фабрики во Романија.
Криминалните групи ги набавуваат фалсификатите по цена од околу 20 отсто од вредноста на оригиналниот новац, што значи дека за еден милион евра лажни пари се плаќаат околу 200.000 евра.
Според наводите, во Романија се фалсификуваат евра, кувајтски динари и американски долари, додека британската фунта се смета за најтешка за фалсификување.
Членовите на овие групи често се претставуваат како Италијанци, Арапи, Грци или Чеси, а меѓу нив има и криминалци од просторот на поранешна Југославија. Тие преку огласи бараат недвижности, луксузни автомобили, јахти, скап накит, уметнички дела и други вредни предмети.
Средбите најчесто се организираат во градови на северот на Италија, а како алтернативи се користат и градови во Франција, земјите на Бенелукс или Шпанија. Криминалните групи дејствуваат во поголем состав, со цел да ѝ го отежнат работењето на полицијата, пренесе Танјуг.

