Регион
Опозиција: Словенија е главен коридор за екстремните исламисти од Европа

Најголемата словенечка опозициска партија побара во средата од владата јасно да се изјасни по прашањето на словенечките и европските државјани кои на страната на терористичката Исламска држава (IS) се борат во Сирија, како и за потенцијалните безбедносни закани за Словенија, тврдејќи дека нивната земја е главен коридор за екстремните исламисти од Европа.
„Словенија претставува главен коридор на патот на исламските екстремисти од Виена кон Босна и Херцеговина и натаму кон Сирија“, изјави на прес-конференција во Љубљана Жан Махнич, пратеник на Словенечката демократска партија (SDS) којашто ја води поранешниот премиер Јанез Јанша, додавајќи дека полицијата и безбедносните служби би требало да го спречат регрутирањето на Словенците за заминување во Сирија, и преминувањето на странските екстремисти.„Неофицијално се зборува дека екстремистите и нивните келии кај нас имаат закупено станови во кои исламистите преспиваат на пат кон Сирија“, изјави Махнич, додавајќи дека според некои информации во Словенија се врши и регрутирање на борци.Додаде дека „заобиколувачките“ наводи на словенечката полиција кој по откривањето на неколку словенечки државјани кои престојувале во Сирија појасни дека не може кривично да ги годни, бидејќи учеството во странските војски според сегашните закони не е казниво.Прогонот против нив е можен и по сегашниот кривичен законик во неговиот дел кој се однесува на тероризмот, а и неодамнешната резолуција на ОН зборува за обврската на државите членки да се спречува регрутирање на странски борци во Сирија, истакна Махнич.Словенската демократска партија (SDS) повторно во врска со тоа протестираше и кај премиерот Миро Церар затоа што за актуелното прашање на исламскиот тероризам и регрутирањето борци за Сирија не расправа надлежната комисија за контрола на тајните и безбедносните служби.Церар, пак, изјави дека таа комисија не може да биде формирана сѐ додека SDS инсистира член на таа чувствителна комисија да биде поранешниот премиер Јанез Јанша кој правосилно е осуден и е на извршување на затворска казна поради корупциската афера „Патрија“ при набавка на оклопни возила за словенечката армија./крај/мф/сн
Извор: STA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.
Регион
70-годишен маж почина во Хрватска: бил силуван и претепан од 36-годишник

Седумдесетгодишен маж од Чаковец, кој бил нападнат на почетокот на март, починал пред неколку дена во болница, пренесуваат хрватските медиуми. Нападот се случил на 8 март кога 36-годишен познаник го намамил во напуштена куќа во Чаковец, каде што го силувал, претепал и ограбил под закана со нож.
И покрај сериозните повреди, човекот успеал сам да стигне до болницата во Чаковец, каде што лекарите го прегледале и го пуштиле дома. Следниот ден отишол да го пријави злосторството во полиција, и повторно бил однесенво болница. Сепак, тој бил отпуштен по втор пат бидејќи лекарите процениле дека нема потреба да го задржат.
Семејството е огорчено од начинот на кој болницата постапила во случајот, истакнувајќи дека човекот бил во сериозна состојба и двапати бил отпуштен дома и покрај сериозните повреди на главата.
На крајот бил хоспитализиран во болница, каде што ги поминал последните денови од својот живот, пишуваат тамошните медиуми.
Напаѓачот, кој веќе ѝ бил познат на полицијата, бил уапсен кратко време по инцидентот. Тој е обвинет за силување и грабеж.
Канцеларијата на државниот обвинител на округот Вараждин, исто така, се огласи за случајот. Портпаролот Дарко Галиќ потврди дека истрагата е сè уште во тек.
„Со оглед на смртта на жртвата, ова повеќе не е кривично дело обид за убиство, туку убиство. Обвинетиот е во притвор. Истрагата ќе ги опфати потребните вештачења и други доказни дејствија, врз основа на кои ќе се донесе одлука за понатамошниот тек на постапката“, рече Галиќ.