Регион
Опозицијата во Грција бара предвремени избори

Лидерот на главната грчка опозициска партија СИРИЗА Алексис Ципрас во вторникот повтори дека ќе се обиде да предизвика предвремени избори во Грција, со цел да го спречи изборот на нов шеф на државата.
„На почетокот на 2015 година ќе имаме избори“, изјавил Ципрас во интервју за телевизискиот канал CNBC во италијанскиот град Комо.
Ципрас смета дека коалициската влада на Нова демократија и ПАСОК многу тешко ќе успее да собере најмалку 180 гласа, кои се потребни за избор на наследник на грчкиот претседател Каролос Папуљас.
„Неопходна е промена во политиката. Не можам да видам никаква друга опција освен избори, смена на власта и ново мнозинство во парламентот, за да можеме да преговараме со нашите партнери (меѓународните кредитори)“, изјавил Ципрас.
Грчкиот парламент во март следната година ќе избира нов претседател на земјата, а согласно грчкиот Устав, претседателот на Грција се бира од парламентот во три круга.
Ако во рамките на оваа процедура не биде избран шеф на државата, Парламентот се распушта и се свикуваат нови избори. Претседателот може да биде избран во првиот круг доколку добие поддршка од 200 пратеници, односно две третини од вкупно 300 пратеници во парламентот.
Партиите од владејачката коалиција во моментов имаат само 153 места, а неможноста да се договорат околу тоа кој ќе го замени Папуљас претставува голема закана за опстанокот на владата./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.