Регион
Папандреу најави формирање нова партија

Поранешниот премиер на Грција, Јоргос Папандреу ќе формира нова политичка партија со што ќе се раздели од некогаш моќниот ПАСОК (Панхеленско социјалистичко дижење), кој беше основан од неговиот татко.
Поранешниот премиер на Грција, Јоргос Папандреу ќе формира нова политичка партија со што ќе се раздели од некогаш моќниот ПАСОК (Панхеленско социјалистичко дижење), кој беше основан од неговиот татко.
Папандреу (62) објави во петокот на својата веб страница план за формирање на нова партија, пред предвремените општи избори, закажани за 25 јануари. Во соопштението се наведува дека повеќе детали ќе бидат објавени утре, откако до Вишиот суд ќе бидат доставени сите потребни документи.
Папандреу беше премиер од 2009 до 2011 година, во време кога Грција ја зафати тешка економска криза, што доведе до крах на поддршката за ПАСОК.
Неговиот татко, Андреас Папандреу го формираше ПАСОК во 1974 година и во три наврати беше премиер на Грција. Тој беше доминатната фигура во грчката политика по диктатурата во периодот 1967-74.
Предврени избори во Грција беа неминовни, откако се распушти Собранието по три неуспешни бид да избере нов претседател на државата. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.
Регион
(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.