Регион
Партијата на Борисов победи на изборите во Бугарија
Партијата Граѓани за европски развој на Бугарија – ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов е победник на предвремените парламентарни избори со освоени 32.6 проценти гласови и е во големо водство пред останатите седум партии што ќе влезат во парламентот, но недоволно сама да формира влада, покажаа првичните резултати од изборите објавени во понеделник.
По објавување на првичните резултати во неделата вечер, според кои ГЕРБ беше во водство, Борисов изјави дека е спремен да преземе секаков ризик во врска со формирањето на новата влада.
Според 94 проценти обработени гласови ГЕРБ освоила 32.61% проценти од гласовите, Бугарската социјалистичка партија – БСП 15.29%, Движењето за права и слободи ДПС 14.91% од гласовите, покажа резултатите на Државната изборна комисија објавени во понеделник изутрина, пренесува агенцијата BGNES.
Портпаролот на социјалистите Атанас Мерџанов рекол дека ова е тежок пораз за партијата и смета дека е резултат на разочуварувањето на граѓаните.
Според овие резултати, Бугарија најверојатно повторно ќе има коалициона влада.
Бугарите во недела избираа 240 пратеници во Народното собрание од 6.063 кандидати, вклучувајќи ги оние кои истовремено се кандидираа во две изборни единици, а кои ги номинираа 56 политички партии.
Излезноста на изборите беше под 50 проценти, најмала за последните 25 години откако во Бугарија е сменет комунистичкиот режим.
Ова ќе биде петта бугарска влада за последните две години, во текот на кои се соочуваше со масовни протести и финансиска криза.
Борисов вчера рече дека изборите се последна шанса за спас на Бугарија и предупреди дека ако новата влада не биде формирана и повторно се распишат избори, нема да остане ништо што би ја одржало земјата.
Коалицијата предводена од социјалистите владееше во Бугарија до јули. Борисов беше премиер од 2009 година, до февруари 2013 година кога поднесе оставка поради масовните протести поради сиромаштијата и високите цени на енергенсите.
На предвремените избори во мај 2013 година ГЕРБ повторно ја однесе победата, но Борисов не успеа да формира влада, па социјалистите и МРФ формираа технократски кабинет на чие чело беше Пламен Орешарски.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Автобус изгоре на автопат кај Солун, патниците навреме евакуирани
Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, јавува „Катимерини“.
Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Сите тројца патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот.
Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот.
Фото: илустрација (Depositphotos)
Регион
Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград
Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње.
Полицијата и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград се на местото на настанот, а истрагата е во тек, пренесуваат медиумите во регионот.
Деталите, според написите, засега не се познати, но според извештаите никој не е повреден во експлозијата, но е причинета голема материјална штета, пишува „Телеграф“.
Пејачот бил во куќата
Полицијата веднаш ги блокирала приодите кон куќата по приемот на пријавата.
Припадници на Министерството за внатрешни работи спроведуваат истрага, а форензички експерти собираат докази и ги прегледуваат снимките од безбедносните камери за да го идентификуваат сторителот, пишува медиумот.
Во моментот кога била фрлена бомбата, Чолиќ, неговата сопруга и помладата ќерка Лара биле во вилата.
Според Телеграф, тие спиеле во моментот на експлозијата, а звукот ги разбудил.
Фото: ЕПА
Регион
Фалсификуваните пари за Балканот и ЕУ најчесто доаѓаат од Романија
Најголемите количини фалсификувани пари што пристигнуваат на Балканот и во земјите на Европската Унија потекнуваат од илегални фабрики во Романија.
Криминалните групи ги набавуваат фалсификатите по цена од околу 20 отсто од вредноста на оригиналниот новац, што значи дека за еден милион евра лажни пари се плаќаат околу 200.000 евра.
Според наводите, во Романија се фалсификуваат евра, кувајтски динари и американски долари, додека британската фунта се смета за најтешка за фалсификување.
Членовите на овие групи често се претставуваат како Италијанци, Арапи, Грци или Чеси, а меѓу нив има и криминалци од просторот на поранешна Југославија. Тие преку огласи бараат недвижности, луксузни автомобили, јахти, скап накит, уметнички дела и други вредни предмети.
Средбите најчесто се организираат во градови на северот на Италија, а како алтернативи се користат и градови во Франција, земјите на Бенелукс или Шпанија. Криминалните групи дејствуваат во поголем состав, со цел да ѝ го отежнат работењето на полицијата, пренесе Танјуг.

