Регион
Паскали: Балканот не смее да се плаши од империјата која колабира
Моментот е опасен, но опасен е затоа што сме на работ на историски пробив, на надоаѓањето на нов, поправеден систем на меѓународни односи и економски напредок. Оваа е особено точно на Балканот, вели американскиот аналитичар Умберто Паскали во разговорот со новинарот Слободан Томиќ.
СветПаскали: Балканот не смее да се плаши од империјата која колабираСкопје, 15.01.2015 (Макфакс) –
Новинарот Томиќ, емисијата „Гласот на народот со…“ на ТВ Сонце изминатиот викенд го започна интервјуто со Паскали, со актуелните настани во Франција, каде што се случи драма без преседан. „Ни пристигаа противречни информации, се создаде забуна, напаѓачите биле на листите на безбедносните служби со години. Што се случува“, беше прашањето упатено до реномираниот американски аналитичар. „Секако, не постои сомнеж дека ние сме среде терористичка операција. Една вистинска терористичка операција има два аспекта. Првиот е самиот чин, при што повеќе луѓе се убиени. Но вториот – и многу поважен – е способноста да се тероризира целното население. Терористичкиот чин е тактика, некои би ја нарекле воена тактика, која цели кон многу поголема група од таа на непосредните жртви. Вистинската цел е населението. Да се тероризира населението и да се уценуваат властите на државата. Пораката до власта е: вие не сте способни да ги заштитите сопствените граѓани, ние преземаме; сега вие ќе мора да ги прифатите нашите услови“, рече Паскали
Додаде притоа дека „Терористички чин кој не доспева и не влијае врз пошироката јавност не ја постигнал својата цел. Целта е сите да се тероризираат, ние да бидеме тероризирани. Секој мора да биде свесен за ова, да ја задржи смиреноста и да разбере што навистина се случува и кој кому што прави. Секако, постои и елементот на нејасност, на страв: ’Како ни се случи ова? Како можеше тоа да се случи во центарот на Париз, врз очигледна мета и од луѓе кои им биле познати на француските, британските, американските безбедносни и разузнавачки служби? Што е следното?’… Во воените прирачници ова се нарекува „магла на војната“, а способноста да се предизвика масовна хистерија или парализирачка реакција кај противникот е огромна предност.
Велите дека целта е „да се тероризира населението и да се уценуваат властите“. Што сакаат да постигнат со тоа?Паскали: Ова е прашање на кое мора веднаш да се одговори. Франција има големо муслиманско население, беше вклучена во нападите врз арапски земји и области. Во текот на претседателствувањето на Никола Саркози земјата наметна цврста политика на внатрешна репресија, особено во перифериите на француските градови, претежно населени со Арапи. Мерките против фереџето, итн. А сепак не се случи ништо што би можело да се спореди со ова. ИСИС или ИСИЛ, терористичката „чадор“ организација создадена од луѓе кои се обучени и финансирани од западните разузнавачи за да ја уништат Сирија и да ги опустошат Либија, Ирак, Јемен и така натаму – оваа фантомска ИСИС никогаш не ја нападна Франција или Европа. Исто така мора да се земе предвид дека напаѓачите на Шарли Ебдо беа добро обучени, со воен тренинг. Имаа внатрешни информации. Беа облечени во униформи на специјални сили, не како самоубиствените одреди на фундаменталистите. Беа маскирани, спротивно на она што би го сториле фундаменталистите. Зборуваа течно француски. Не го уништија „сквернавечкиот материјал“, што наводно им била целта – повторно, модус операнди којшто го наметнува ИСИС. И покрај очигледната воена обука, тие се однесуваа како според однапред подготвено сценарио. Се движеа полека, премногу полека, како да сакаа да бидат видени и снимени.
Зошто?Паскали: Треба да се запрашате: што стори Франција за да предизвика ваква „казна“? Тоа не е мала тактичка работа. Најголемата промена која Франција ја направи во својата стратегија е изјавата на претседателот Оланд за потребата да им се стави крај на санкциите врз Русија, за да започне нова ера на соработка помеѓу Европа и Русија, На 4-ти јануари, три дена пред масакрот, тој даде интервју без преседан за радиото „Франс Интер“, кое траеше два часа, насловено: „Санкциите мора веднаш да сопрат!“ Тој рече: „Ако е Русија во криза, тоа не мора да биде добро за Европа. Јас не сум за политиката на постигнување на целта преку влошување на нештата, мислам дека санкциите мора да сопрат веднаш… Г-дин Путин не сака да ја анектира источна Украина. Тој ми го кажа тоа. Тој само сака да остане влијателен и Украина да не влезе во кампот на НАТО.“За неколку дена ќе се одржи средба која треба да стави крај на украинската криза спонзорирана од англо-американците, да стави крај на вештачката поделба помеѓу Русија и Европа: самитот во Казахстан на 15 јануари (состанокот во меѓувреме беше одложен на неопределено време, заб.ред.), каде што украинскиот престедател Петро Порошенко ќе се сретне со Путин, со Оланд и со германската канцеларка Ангела Меркел. Оланд беше многу голем оптимист дека ќе се постигне договор: „Јас ќе одам во Астана само под еден услов, а тоа е да постои реална можност да се направи нов напредок… И мислам дека ќе има напредок!“
Франција и Оланд лично преземаа иницијатива да организираат помирување меѓу Европа и Русија…Паскали: Токму така. И не треба да истакнувам колку клучна, колку суштествена е француската иницијатива. Оланд веќе го покажа правецот во кој ќе оди на ненајавената средба лице в лице со Путин на московскиот аеродром минатиот декември, кога се враќаше од посета на Казахстан. Оланд, кој се чинеше дека е еден од најблиските сојузници на либералната империјалистичка политика на Обама/Бжежински, мораше радикално да се смени. Неговата партија стана речиси нерелевантна. Неговииот кредибилитет падна на 12 отсто додека Французите се втурнаа кон каква и да било алетрнатива која најнакрај ќе ги осуди на мизерија и војни, особено кон Националниот фронт на Ле Пен, којшто отвортено го величи Путин. Украинската криза и државниот удар во Киев, спонзориран од САД, обидот да се воспостави база на НАТО на Крим, жестокиот притисок врз европските лидери да одат наспроти нивните лични и економските ионтереси на нивните народи со цел да се создаде ескалација која ќе доведе до вистинска војна со Русија, целиот овој налудничав план беше поткопан со одлуката на Франција. А во финансиските центри на Вол Стрит и во Лондон Сити, на оваа стратегија на војна се гледа како на ништо помалку, туку последна опција за преживување. Последна опција на тој арамиски систем. Така… три дена подоцна Франција беше нападната и соочена со сценарио на граѓанска војна. …
Што ќе се случи сега?Паскали: Сега имаме војна која се води на тлото на Франција. Елементот на конфузија и хистерија е најбитната компонента на оваа стратегија. Но, во смисла на длабочина не е сторено многу. Фундаменталните интереси на Франција, на Европа нема да се сменат. Појкрај мизерија и војна, дестабилизирачите нема што друго да понудат. Затоа сум убеден дека „блицкригот“ овој пат нема да им успее. Ова, секако, зависи и од тоа што ќе стори остатокот од Европа, што ќе стори Италија и, особено, Германија. Штом Феранција ќе зеземе став, јасно е дека рационалните сили во Германија, она што јас го нарекувам „партија на Алфред Херхаузен“, ќе станат многу попроминентни, започнувајќи со заменик-канцеларот и Министер за економија Зигмар Габриел. Тој на 4-ти јануари за „Билдам Зонтаг“ изјави: „Оние кои сакаат уште повеќе економски и политички да ја дестабилизираат Русија застапуваат многу поинакви интереси од нашите. Некои во Европа и во САД сакаат да ја столчат Русија, но тоа не е во интерес на Германија и на Европа. Ние сакаме да помогнеме да се реши конфликтот во Украина, не да ја фрлиме Русија на колена. Целта никогаш не беше да се турне Русија во политички и економски хаос. Оние што го посакуваат тоа ќе испровоцираат многу поопасна ситуација за сите нас во Европа.“ Обраќајќи им се на оние кои сакаат да ја турнат Германија во војна со Русија, Габриел ги потсети дека Русија е нуклеарна сила…
Како, во овој контекст, ја гледате состојбата на Балканот и во Македонија? Што сето ова значи за Македонија?Паскали: Како прво, лидерите на владите мора да имаат на ум дека целта на овој терористички – или неортодоксен начин на војување – е да плаши и парализира. Да ги спречи одговорните луѓе да ги донесат правилните одлуки за своите народи. Тие исто така мора да разберат дека овој напад не е показатаел на нечија моќ. Тоа е показател на очај и слабост. Тие сега и се заканија на цела Европа, но најверојатно Европа е веќе изгубена за нив – или подобро кажано, веќе е на пат кон нова независност. Вие во Македонија сте среќни што имате државник како Никола Груевски, кој има стратешки ум, морална храброст и е способен да ја трансформира објективната слабост на Македонија во субјективна сила… тој е способен да имплементира Деголистичка политика, 360 степени – tous azimuts. Ова на Македоија и донесе улога многу поголема од перципираната големина на земјата. Македонија сега е дел од големата регионална игра на Балканот и пошироко. Всушност, моментот е опасен, но опасен е затоа што сме на работ на историски пробив, на надоаѓањето на нов, поправеден систем на меѓународни односи и економски напредок. Оваа е особено точно на Балканот.
Зошто на Балканот?Паскали: Затоа што оваа област веќе де факто освои забележетилен обем на независност. Тука всушност се реверзира столетниот процес на поробување, дизајниран од британската имерија: балканизацијата. Овој одвратен збор, балканизација, значи раслојување на секоја држава во се помали и помали ентитети со кои лесно се манипулира и кои се неспособни самите да се одбранат. Тоа е најекстремната варијанта на тактиката „подели и владеј“. Погледнете го Балканот, што му сторија. Ја имате Турција, која е во судир со Грција која, пак, е во судир со Македонија, која е натаму во судир со Албанија. Хрватска против Србија, Босна поделена. Косово трансформирано во „зона франка“ на НАТО… Бугарија, Романија… Турција, од своја страна, мораше да застане против Русија (основна поставка на британската колонијална геополитика), во војната со Сирија, итн.А сега почнува да се гледа спротивното. Населенијата кои беа турнати во овој геополитчки експеримент на лудите британски научници, ја поразуваат оваа манипулација, балканизацијата. Турција се разбра со Русија во име на заедничкиот интерес. Унгарија се побуни против големите банки. Грција се поизвесно ќе го избере Алексис Ципрас за премиер, со што ќе се изврти досегашната политика на мизерија и војна. Ова ќе ја смени динамиката и со Турција и со Македонија. Тие што требаше да бидат „држави-заморчиња“ за задоволство на империјалните техники… сега се побунија против лудите научници. Не сакаат да бидат „профилирани“ и турнати една протв друга. Балканот се претвора во област со огромен развој. Кина и Русија (кои и самите го надминаа овој геополитички трик кои им наметнуваше засекогаш да војуваат меѓу себе) создаваат конкретен кооперативен сојуз со балканските држави. Големиот инфраструктурен проект за кој Европа постојано зборува, но никогаш навистина не се ангажира, сега започнува со кинески инвестиции. Река од развој, а со тоа и од мир и помирувања, ќе потече од Турција кон Грција, Македонија, Србија. Брзи, супермодерни транспортни проекти (погледнето го, за пример, возот помеѓу Будимпшешта и Белград) кон Австрија и северна Европа. Гасоводот од Русија кон Турција е пореален од кога и да е…Речиси е разбирлива (не сакам да бидам циничен) убиствената реакција на оние кои се научени да ја владејат, да ја делат и да ја пљакосуваат оваа клучна област за светот. Тие ја губат големата игра.
Но, опасноста од тероризам…?Паскали: Неодамна предложив Грција и Македонија да го замолат Путин да посредува за нивните разлики. Можете само да замислите што ќе се случи ако такви моќни сили како Кина и Русија воспостават блиски односи со балканските држави, во заемна корист. Да поедноставиме, Кина би се погрижила за економскиот аспект. Ако започнат да се решаваат економските и стратешките проблеми, тогаш верувам дека прашањето на тероризмот ќе може да се тави под контрола. Една антитерористичка алијанса со земјите од Евроазија, заедно со економската соработка може да се насочи кон центрите на тероризмот. Може да стави крај на модерната употреба на овој крвав, неортодоксен начин на војување… Македонија е во добра позиција на другите држави да им предложи создавање на една ваква антитерористичка алијанса. Најбитно е да се задржат студени глави. Не се импресионирајте од крвавите огномети на една импроја која колабира. И хируршки прецизно отсечете ги терористичките ограноци…/крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Орбан врши притисок, ЈАНАФ возвраќа: Снабдување има, но само според санкциите на ЕУ и САД
Откако унгарскиот премиер Виктор Орбан го заостри притисокот врз Хрватска поради транспортот на руска нафта кон Унгарија, Европската комисија порача дека за спроведувањето на санкциите се одговорни земјите членки. Набргу потоа се огласи и Јадранскиот нафтовод (ЈАНАФ), кој ги отфрли ултиматумите и порача дека работи во согласност со правилата на Европската унија и Соединетите Американски Држави.
МОЛ вчера побара од ЈАНАФ гаранција дека ќе овозможи транспорт на руска сурова нафта што не е под санкции и која во Унгарија пристигнува по морски пат, со предупредување дека во спротивно ќе бара правна и финансиска одговорност. Европската комисија денеска соопшти дека спроведувањето на санкциите е во надлежност на земјите членки, пишува „Индекс.хр“.
ЈАНАФ: Одлуките не се носат под притисок
Реагирајќи на ултиматумот, од ЈАНАФ порачаа дека разговорите меѓу партнери и сојузници се водат „пристојно, аргументирано и врз основа на факти“.
„Во врска со ултиматумите упатени до ЈАНАФ, сметаме дека е важно да се соопшти дека разговорите меѓу партнери и сојузници се водат пристојно, аргументирано и врз основа на факти“, наведуваат тие.
Истакнуваат дека ЈАНАФ работи одговорно и целосно во согласност со важечките санкциски режими на Европската унија и Соединетите Американски Држави.
„Безбедноста на снабдувањето на Унгарија и Словачка не е загрозена. Рутата преку ЈАНАФ постои, веќе се користи и има доволни капацитети да ги покрие нивните потреби за нафта. Тоа го потврдува и самата Унгарија, која денес бара целосен транспорт преку ЈАНАФ, иако неодамна неосновано тврдеше дека таков капацитет не постои“, соопштуваат од компанијата.
Додаваат дека минатата и оваа недела за унгарскиот МОЛ веќе се транспортирани значителни количини нафта што не се опфатени со санкциски ограничувања, како и дека до почетокот на април се очекуваат уште седум танкери за истиот корисник на нафтоводниот систем на ЈАНАФ.
Снабдување можно, но со строга примена на санкциите
„Хрватската енергетска инфраструктура е подготвена, сигурна и достапна за снабдување што е усогласено со правилата на ЕУ и OFAC“, наведуваат од ЈАНАФ.
Како пример ја наведуваат снабдувањето на српската компанија НИС, каде партнерите, како што посочуваат, заеднички ги исполнуваат строгите санкциски критериуми за да обезбедат потребни продолжувања и континуитет на снабдувањето во рамки на важечките правила.
Во тој контекст очекуваат одлуките за набавка и транспорт кон Унгарија и Словачка да се носат врз основа на законитост и усогласеност со санкциите, а не под притисоци или ултиматуми.
„Доколку постојат барања што се однесуваат на нафта од руско потекло или на субјекти поврзани со Русија, тие можат да се разгледуваат исклучиво во строгата рамка на санкциските критериуми на ЕУ и OFAC, со целосна правна проверка, јасна одговорност и максимална транспарентност“, наведуваат.
Во заклучокот истакнуваат дека Хрватска не одбива снабдување ниту ја политизира енергијата. „Хрватска и ЈАНАФ овозможуваат снабдување во согласност со прописите, доследно применувајќи ги санкциите на ЕУ и САД“, наведуваат тие.
Комисијата: Земјите членки одлучуваат за спроведувањето на санкциите
Портпаролката на Европската комисија, Ана-Каиса Итконен, претходно изјави дека за спроведувањето и примената на санкциите се одговорни земјите членки. „Основното начело е дека за спроведувањето и примената на санкциите се одговорни земјите членки“, рече таа, одговарајќи на прашањето дали Хрватска може да испорачува руска нафта преку ЈАНАФ.
Европската унија во јуни 2022 година, во рамки на шестиот пакет санкции, го забрани увозот на руска нафта по морски пат. Унгарија, Словачка и Чешка добија привремено изземање како земји без излез на море, во случај испораката преку нафтовод да не е можна.
Нафтоводот „Дружба“ беше оштетен кон крајот на јануари во руски напад со дронови, по што дотокот на нафта беше прекинат, а спорот околу алтернативните рути дополнително се заостри.
Регион
Воспитувачки во градинка во БиХ психички малтретирале петгодишно дете, му ставале пелена преку алиштата за да му се смеат
Две воспитувачки од предучилишната установа „Бамбини“ во Хаџиќи, кои биле уапсени вчера под сомнение за злоупотреба на деца, ќе бидат ослободени. Окружното обвинителство во Сараево му предложи на Општинскиот суд да им изрече мерки на забрана наместо притвор. Апсењата се случија околу петнаесет дена откако медиумите објавија детали за случај во кој родителите тврдат дека наставничките го понижувале и малтретирале нивниот син.
Воспитувачките А. Х. (25) и А. Х. (27) се осомничени за кривични дела психолошко насилство, занемарување или злоупотреба на дете и предизвикување полесни телесни повреди како соизвршители. Според родителите, наставниците ставале пелена преку облеката на момчето и ги охрабрувале другите деца да му се потсмеваат. Тие се осомничени и дека го повредиле додека се обидувале насилно да го стават во столче за хранење кое било премало за него.
По сослушувањето од страна на полицијата и обвинителството, побарани се мерки за забрана за осомничените, кои вклучуваат забрана за вршење работа поврзана со одгледување и грижа за деца, забрана за посета на установата „Бамбини“ и забрана за контакт со вработените.
Како дел од истрагата, директорот на градинката е уапсен и под сомнение за сторени кривични дела непријавување кривично дело или сторител, давање лажно сведочење и занемарување или злоупотреба на дете. Сепак, по кривичната обработка и сослушувањето, тој е ослободен по наредба на обвинителот.
Регион
Вучиќ за состојбата на Дачиќ: „Се плашиме дека има нешто друго што не можеме да го видиме
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од Казахстан зборуваше и за состојбата на министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, кој сè уште е на интензивна нега во Клиничкиот центар на Србија.
„Во постојан контакт сум со министерот за здравство, не сакам директно да му досадувам на докторот. Штом ќе слетам вечерва, ќе одам во болница“, рече Вучиќ и додаде:
„Нема промена во неговата состојба, тоа е добро, но очекувавме побрзи промени. Сè уште не може да се утврди, се плашиме дека има нешто друго што не можеме да го видиме. Сакам да го видам вечерва дали се разбудил. Многу сум загрижен, се молам на Бога да се опорави, ситуацијата не е едноставна“.
Дачиќ беше примен на Клиниката за пулмологија завчера попладне со билатерална пневмонија.

