Регион
Петнаесет турски војници убиени во заседа
– (AA file photo)
Забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK) објави дека во неделата нејзините герилци убиле 15 турски војници во напад врз конвој оклопни возила во југоисточната Турција, што би бил најсмртоносниот напад од обновувањето на судирите во јули годинава, додека официјална Анкара не го потврдува бројот на жртвите, но медиумите јавуваат дека борени авиони дејствуваат на турска територија што се смета за показател за жесток одговор, односно потврда за значителните загуби.
Забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK) објави дека во неделата нејзините герилци убиле 15 турски војници во напад врз конвој оклопни возила во југоисточната Турција, што би бил најсмртоносниот напад од обновувањето на судирите во јули годинава, додека официјална Анкара не го потврдува бројот на жртвите, но медиумите јавуваат дека борени авиони дејствуваат на турска територија што се смета за показател за жесток одговор, односно потврда за значителните загуби.
Нема независни потврди за бројот на загинатите турски војници, но во емисијата во живо на приватната телевизија Haber, претседателот Реџеп Тајип Ердоган реагираше на информациите, но не даде податок за бројот на жртвите само потврдувајќи дека нападот се случил во покраината Хакари кон границата со Ирак и Иран.
„Се случи напад. Ќе се води особено одлучна борба. Многу сме тажни. Временските услови не се поволни и борбата се води во такви услови“, рече Ердоган прецизирајќи дека нападот се случил за време на „операција на чистење“ насочена против борците на PKK.
„Ќе усвоиме нова стратегија во борбата против тероризмот. Ќе продолжиме решително“, порача Ердоган.
За сериозноста на ситуација зборува и податокот дека премиерот Ахмет Давутоглу го откажа патувањето во Коња на натпреварот на фудбалската селекција и свика итен состанок на советот за безбедноста во Анкара, забележува државната агенција Anadolu.
Во соопштението објавено на интернет, PKK соопшти дека нејзините герилци од заседа нападнале воен конвој во покраината Јуксекова. „Во нападот извршен од повеќе страни загинаа 15 војници, а во кацијата е запленето поголемо количество оружје“, се додава во соопштението.
Од крајот на јули кога Анкара ја започна операцијата против PKK, според процените на медиумите, убиени се околу сто турски полицајци и војници, и повеќе стотици курдски герилци.
Во непријателствата меѓу турската држава и PKK која бара поголема автономија за курдскиот региони во Турција, и која е на листата терористички организации на ЕУ и САД, во изминатите повеќе од три децении загинаа околу 40 илјади луѓе. Двете страни се обвинуваат за пропаѓањето на договорот за прекин на непријателствата од летото 2013 година./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Сијарто: Фокусот на унгарското претседателство со ЕУ ќе биде проширувањето на Унијата на Западен Балкан
За време на претстојното претседавање со ЕУ, Унгарија планира да се фокусира на прашања кои се важни за централна Европа, како што се борбата против илегалната миграција, проширувањето на Унијата кон Западен Балкан и енергетската безбедност, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.
Кога станува збор за проширувањето на ЕУ, Сијарто на прес-конференција со својот чешки колега Јан Липевски рече дека регионот на Западен Балкан не заслужува да чека 14 години и 11 месеци за членство, што, како што вели, го поткопува кредибилитетот на политиката на Унијата, објави унгарската агенција МТИ.
„Тоа е ситуација што треба да се реши, така што унгарското претседателство (со Унијата) има јасна агенда да им помогне на земјите од Западен Балкан да го забрзаат пристапниот процес“, рече Сијарто.
Посочи дека ефектите од миграцијата директно се чувствуваат во Централна Европа од 2015 година и неопходна е сериозна регионална соработка за да се запре мигрантскиот прилив.
„Чешката, словачката и полската полиција ни помогнаа и ни помагаат на јужните граници на Унгарија да ги задржиме илегалните мигранти кои и се закануваат на Европа надвор од границите. Потребни се континуирани заеднички напори на четворицата централноевропски премиери за да се држи под контрола прашањето за квотите и да не се дозволи илјадници или десетици илјади илегални мигранти да се шетаат неконтролирано“, додаде Сијарто.
Шефот на унгарската дипломатија нагласи дека централна Европа „ќе продолжи да се спротивставува на притисоците поврзани со квотите“. Сијарто се осврна и на енергетската безбедност, наведувајќи дека Унгарија и Чешка планираат нуклеарен развој и затоа ќе продолжат да се борат против негативната дискриминација поврзана со нуклеарната енергија во Брисел.
Нуклеарната енергија е одржлив начин за производство на енергија, тоа е безбеден, еколошки и евтин метод за производство на големи количини електрична енергија“, заклучува Сијарто.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.