Регион
Плевнелиев: Бугарија не ја губи надежта за ’Јужен поток’

Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев се надева дека проектот „Јужен поток“ ќе ги добие потребните дозволи за негова изградба.
„Бугарија сè уште не добила официјална изјава од Русија за откажување од проектот ’Јужен поток’ и затоа не ги исклучуваме сите можности за продолжување на подготвителните работи во врска со овој проект“, рече Плевнелиев во интервју за чешкиот весник „Lidove Noviny“.
Тој додаде дека бугарската позиција по ова прашање е оти проектот може да се реализира само под услов тој да одговара на правните норми на ЕУ.
„Сакаме Русија да биде наш партнер, кој ќе преговара со нас како партнер. Партнерот ќе ви испрати писмо, во кое ќе ве информира за своите планови, но Русија не направи такво нешто. До овој момент ние немаме добиено официјална информација дека проектот ’Јужен поток’ е затворен. Во моментот има само изјава на претседателот Путин. Изгледа, тоа беше една многу емоционална изјава. Во секој случај, таа предизвика многу шпекулации и прашања“, додаде Плевнелиев. /крај/бг/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.