Регион
Плевнелиев: Одлучно ќе се спротивставиме на секој план за дестабилизација

Бугарија одлучно ќе се спротивстави на секој план за постигнување на дестабилизација и замрзнати конфликти, изјавил во четвртокот бугарскиот претседател Росен Плевнелиев на церемонијата за активирањето на штабот за интегрирањето на силите на НАТО во Бугарија, пренесуваат бугарските медиуми.
„Апелирам преку зборови на благодарност до сите политичари, дипломати, воени и цивилни експерти, кои со труд и посветеност придонесоа да се изгради и активира штабот за интегрирањето на силите на НАТО во Бугарија. Денешното настан е доказ за исправноста на вредносниот избор кој нашата земја го направи за да биде активен и достоен член на Алијансата“, изјавил Плевнелиев во својот говор.
Бугарскиот претседател додал дека регионот поминува низ тешки времиња и комбинација на кризи, а граѓаните очекуваат колективната безбедност и одбраната да бидат стратешки приоритет, преку кој политичарите ќе бидат унифицирани и ќе дејствуваат ефикасно и одговорно.
„Слободата и демократијата не се готови, тие треба секојдневно да се наметнат. Активностите на Русија во источна Украина, нелегалната анексија на Крим, замрзнатите конфликти во близина на нашите граници, и претстојната закана од терористички групи како `Исламска држава` им даваат дополнителна тежина на нашите заеднички напори да ги заштитиме својот суверенитет и демократска државност. Отворањето на штабовите за интегрирање силите на НАТО истовремено во шест европски метрополи, вклучувајќи во Софија, е категоричен израз на посветеноста и солидарноста во Алијансата за заштита на сите нејзини членки, по принципот `28 за 28`“, рекол Плевнелиев.
Покрај штабот во Софија, слични вакви структури од страна на НАТО, во четвртокот се отворија и во Литванија, Летонија, Естонија, Полска и Романија./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.