Регион
Полицаец убиен во самоубиствен напад во Истанбул
Еден полицаец кој беше тешко повредени почина во болница по самоубиствен напад што го извршила во вторникот жена која зборувала англиски во туристичкиот центар на Истанбул, една седмица по нападот за кој одговорноста ја презема екстремна левичарска група. Во истиот напад е повреден полесно уште еден турски полицаец.
Инцидентот се одиграл на плоштадот Султанахмет во историскиот центар на градот, едно од најпопуларните туристички места во Истанбул каде што се наоѓа Сината џамија. Жената облечена во наметка го активирала експлозивот што го носела на себе, пренесува телевизијата NTV, според која бомбашката „предвреме се кренала во воздух пред се влезе во полициска станица, откако била спречена да влезе од страна на стражарите“.
Гувернерот на Истанбул, Васиф Шахин, изјави дека бомбашот самоубиец се преправала како турист, обраќајќи им се на полицајците на англиски, велејќи дека го заборавила својот паричник во станицата обидувајќи се да влезе во објектот само миг пред експлозијата.
Телото на неидентификуваната бомбашка е подигнато, а другите повредени се хоспитализирани. На местото на нападот е запрен сообраќајот и целосно е евакуиран плоштадот, пренесува весникот Hurriyet.
Полицијата се сомнева дека и зад овој напад стои забранетата екстремна левичарска партија Револуционерна народноослободителна партија/Фронт (DHKP/C). Оваа група ја презема одговорноста за неуспешниот нападот со гранати 1-ви јануари врз полицајците кои го обезбедуваат отоманскиот комплекс Долмабахчи во чија близина се наоѓа резиденцијата на премиерот Ахемт Давутоглу.
Последните години DHKP-C изведе низа напади врз владини објекти. Во февруари 2013 година ја презема одговорноста за самоубиствениот бомбашки напад врз амбасадата на САД во Анкара во кој загина припадник на обезбедувањето, турски државјанин./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Рама објави укинување на забраната за „Тик-ток“ во Албанија
Албанскиот премиер Еди Рама објави дека социјалната мрежа „Тик-ток“ повторно ќе биде достапна во Албанија.
Рама во интервју за „Политико“ истакна дека албанската влада постигнала партнерство со претставници на социјалната мрежа и дека набргу ќе претстави нови мерки за заштита на јавноста во оваа земја.
„Задоволни сме од резултатот. Постигнавме партнерство и се надевам дека во наредните недели или месеци ќе го презентираме планот пред албанските граѓани, како што ветивме“, рече Рама.
Албанската влада го забрани „Тик-ток“ пред една година кога објавите на платформата предизвикаа тепачка меѓу млади, во која 14-годишно момче беше избодено до смрт.
Регион
Србија меѓу првите во регионот што воведува тестирање на алкохол кај летачкиот и кај кабинскиот персонал
Од 1 јануари 2026 година во Србија ќе почне систематско тестирање на летачкиот и на кабинскиот екипаж за присуство на алкохол.
Со тоа Србија станува една од првите земји во регионот што ја воведува оваа постапка во целост, објави Дирекцијата за цивилно воздухопловство на Србија.
Тестирањето ќе се спроведува на летачкиот и на кабинскиот екипаж на домашни и странски авиони што ги користат аеродромите во Србија.
Проверките ќе ги вршат специјално обучени и овластени воздухопловни инспектори на Дирекцијата.
Постои нулта толеранција за присуство на алкохол кај членовите на екипажот на авионите.
За мерење на количината алкохол ќе се користат сертифицирани и калибрирани уреди за мерење алкохол во здивот, кои имаат доказна вредност во судските постапки.
Во случај член на летачкиот или кабинскиот екипаж да го одбие тестот или тестот утврди присуство на алкохол, воздухопловниот инспектор привремено ќе му забрани да ги извршува должностите на член на екипажот и ќе го пријави тоа кај надлежните органи.
По правило тестирањето ќе се врши во кабината на авионот, а податоците за спроведените тестови ќе се внесуваат во централизирана база на податоци управувана од Агенцијата за безбедност на воздухопловството на Европската Унија (EASA).
За почетокот на примената на оваа постапка Дирекцијата навремено ги информира сите воздухопловни субјекти во Србија и EASA, која има улога да обезбеди поддршка во дефинирањето на приоритетите за тестирање и управувањето со релевантните податоци.
Фото: depositphotos
Регион
Во Хрватска во тек е јавна дебата за изградбата на првата нуклеарна централа
Во Хрватска предлог-законот за примена на нуклеарна енергија за цивилни цели, изготвен од работна група, составена од голем број експерти од областа, е пуштен на јавна дебата, што всушност е првиот сериозен правен чекор во долгорочниот и скап процес на изградба на првата нуклеарна централа на хрватска територија.
Во последните месеци, министерот за економија, Анте Шушњар, често се појавуваше во јавноста со идејата дека Хрватска треба да изгради сопствена нуклеарна централа, што во овие нови геополитички околности и трендови на напуштање на фосилните горива, како и во времето на револуцијата на вештачката интелигенција и потребата од огромни количини електрична енергија, би донело стабилност во електроенергетскиот систем на земјата и би влијаело на намалувањето на емисиите на штетни гасови, пренесува „Танјуг“.
Од нацрт-верзијата на предложениот закон е јасно дека Хрватска во иднина во голема мера ќе се потпира на нуклеарна енергија. Планот е една третина од електричната енергија до 2040 година да доаѓа од нуклеарни извори.

