Регион
Полициски рации во канцеларии на опозициски медиуми пред изборите во Турција
Турската полиција спровела во средата рации во канцелариите на медиумската групација Ipek, чии изданија се критични кон претседателот Реџеп Тајип Ердоган, пренесуваат агенциите.
Претресите се спроведени поради обвинувања за неправилности во финансиското работење на медиумската групација Ipek, холдинг компанија поврзана со турскиот исламистички проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во егзил во САД.
Полицијата употребила солзавец и привела повеќе новинари, известува агенцијата DPA. Цел на рацијата била телевизијата Bugun, мала телевизиска мрежа која продолжува со емитување на програмата „во живо“ и покрај мноштвото полицајци распоредени околу нејзината редакција.
Ѓулен порено беше близок сојузник на Ердоган, и се смета дека е заслужен за неговиот подем и доаѓање на власт во 2002 година. Потоа, особено последните години дојде до разидување и заострување на односите, а владејачката Партија на правдата и развојот (AKP) ги обвинува ѓулевистите дека со своите инсталации во судството, полицијата, разузнавачките служби и општеството направиле „држава во држава“.
Во Турција на 1-ви ноември ќе се одржат предвремени парламентарни избори, откако на претходни во јуни првпат по повеќе од деценија AKP не успеа самата да формира влада.
Сите три главни опозициски партии ѝ дадоа поддршка на телевизијата Bugun, и покрај тоа што претходно не се согласуваа со нејзината уредувачка политика, која ја сметаат националистички и исламски ориентирана.
„Кога граѓаните имаат ограничен дијапазон на ставови, особено пред изборите, треба да се јави загриженост“, порача преку Twitter амбасадата на САД во Анкара, во врска со казнувањето на Ipec поради неправилности во трансакции./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб
Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба.
Таму беа и неколку припадници на интервентната полиција.
Откако пееја „О Хрватска, о Хрватска, независна држава“ и скандираа „За татковината, спремни“, тие го напуштија местото на настанот.
Полицијата не интервенираше веднаш, а групата се оддалечи сама, пренесуваат хрватските медиуми.
Интервентната полиција запрела дел од групата, ги легитимирала, а потоа ги пуштила.
фото: принтскрин
Регион
Во Словенија од денеска границите ќе ги чува и војската
Припадници на словенечката војска од денес ќе учествуваат во чувањето на државната граница заедно со полицијата, откако владата еден ден претходно го активираше членот 37 од Законот за одбрана, што го дозволува ова, јавува словенечката агенција СТА. На овој начин, тие ќе и олеснат на полицијата за да можат да извршуваат задачи поврзани со управувањето со безбедносната состојба, особено во југоисточниот дел на Словенија.
Членот 37 од Законот за одбрана предвидува дека словенечките вооружени сили можат да соработуваат со полицијата во пошироката заштита на државната граница во рамките на националната територија во согласност со плановите и по претходна одлука на владата. Припадниците на словенечките вооружени сили немаат полициски овластувања при извршување на овие задачи.
Владата одлучи да го активира членот на вчерашната седница со оглед на безбедносната состојба во југоисточна Словенија, истакнува СТА. Како што изјави премиерот Роберт Голоб по седницата, полицијата може да ги повика припадниците на словенечките вооружени сили да помогнат во многу ограничен опсег на задачи на границата. На овој начин, армијата ќе им олесни на полициските единици од југоисточна Словенија.
фото: принтскрин
Регион
Хорор во Лесковац: се скарал со соседката, па ја удрил со лопата по главата и стомакот, лекарите се борат за нејзиниот живот
Денеска, во селото Губеревац во близина на Лесковац во Србија се случи обид за убиство. По расправија, 69-годишниот Ц.Ј. ја нападнал својата 61-годишна соседка со лопата, нанесувајќи и повреди опасни по живот. Напаѓачот е уапсен, а Вишото јавно обвинителство во Лесковац му одредило притвор поради сомнение за обид за убиство, објавува српски Блиц.
Според првичните информации, вербалниот конфликт меѓу соседите ескалирал во физички напад. Се сомнева дека Ц.Ј. во еден момент зграпчил лопата и ја удрил жената по главата и стомакот со металниот дел. Жената е итно пренесена во Клиничкиот болнички центар во Ниш, каде што лекарите се борат за нејзиниот живот.
„Жената се здобила со повреди во форма на фрактура на темпорална коска и хематом во пределот на абдоменот, поради што е примена на лекување во Клиничкиот болнички центар во Ниш. Истрагата ја спроведе јавниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Лесковац“, изјавил извор за Блиц.

