Регион
Последен ден за болдеринг во Прилеп

Саботата, претпоследниот ден од маратонот што се случува во градот под Маковите кули, кулминираше со болдерингот во близина на манастирот „Трескавец“.
Ова адреналинско спортување и афирмативно дружење со повеќе од 100 учесници од целиот свет, го поздрави градоначалникот Марјан Ристески.
„Досегашното искуство на болдеристите вели дека Прилеп е неодминлива дестинација за овој спорт и како терен и како добар организатор на овие настани, па затоа спортистите редовно се враќаат. Прилеп е привлечна дестинација за екстремни спортови, а со тоа има потенцијал за развој и на спортскиот туризам“, посочи градоначалникот Ристески.
Годинава на болдеринг-маратонот „Крали Марко“ првпат беше претставена новата дисциплина хајлан митинг.
Болдеринг е специфична форма на искачување по карпи, која се изведува без јажиња или појаси. Може да се изведува без никаква опрема, но вообичаено повеќето болдеристи користат специјални чевли за искачување, креда за да им бидат суви рацете и специјални подлоги за да спречат повреди при паѓање. /крај/мф/мт
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.