Регион
Потврден идентитетот на Хрватот грабнат од џихадистите
Француската компанија го потврди идентитетот на Хрватот Томислав Салопек кој е прикажан во видео снимка на Исламската држава емитувана во средата во којашто џихадистите се заканува дека ќе го егзекутираат во следните 48 часа доколку египетската влада не го исполни нивното барање.
„Ардесис Египет потврди во средата дека еден од нашите вработени на дело кој работеше в теренската сеизмичка екипа е грабнат на 22-ри јули во Каиро. Ардесис Египет потврдува дека тој е заложникот кој се појавува во видео снимката којашто во средата ја објавува групата Покраина Синај поврзана со Исламската држава“, се наведува во соопштението на египетската филијала на француската компанија Compagnie Generale de Geophysique (CGG), кое го цитира агенцијaта Hina. Притоа се додава дека ги преземале сите потребни мерки за заштита на своите работници и оти во врска со тоа соработуваат со локалните власти.
Хрватската влада објави претходно дека ги презема сите чекори за што поскоро да биде разрешена „тешката ситуација“ на хрватскиот државјанин кому Исламската држава му се заканува со егзекуција. „Имајќи ги предвид многу тешките и чувствителни околности, како и за дополнително да не биде отежната и онака тешката ситуација во овој момент не сме во можност да изнесува натамошни информации“, соопштиле за агенцијата од хрватското министерство за надворешни и европски работи.
Хрватскиот државјанин, кој во снимката емитувана од Исламската дражва се претставува како Томислав Салопек, грабнат во Египет, ќе биде егзекутиран во рок од 48 часа, доколку властите во Каиро не ослободат уапсени муслиманки.
На снимката којашто ја поставија џихадистите на интернет, Салопек вообичаено кога станува збор за претходните видео објави на Исламската држава, клечи во портокалова облека крај вооружен со нож џихадист и чита од лист хартија дека грабнувачите ќе го ликвидираат во рок од 48 часа, доколку египетските власти не ослободат уапсени муслиманки.
„Имам 30 години и доаѓам од Хрватска“, вели во снимката младиот човек кој додава дека е оженет за сопругата Наташа со која има две деца, како и дека работи за француската компанија CGG.
Потврдува дека на 22-ри јули го грабнале милитантите на египетската група на Исламската држава којашто се нарекува Вилает (Покраина) Синај и дека сакаат да го разменат за муслиманките кои се во египетските затвори. „Тоа мора да биде исполнето во рок од 48 часови, а во спротивно војниците на Вилает Синај ќе ме убија’, порачува заложникот./
Хрватскиот државјанин бил грабнат на 22-ри јули утрото во областа на Каиро додека со службен автомобил одел на работа, Возилото било запрано од вооружена група која го одвела во непознат правец. Салопек е првиот Хрват грабнат во странска држава, и до средата не беше познат неговиот идентитет и не беше поставено барање за откуп. Оваа групација којашто порано се нарекуваше Ансар Бејт ал-Макдес, се пременување во Вилает Синај за да ја истакне припадноста на „калифатот“ на Исламската држава прогласен на големите територии во Сирија и во Ирак.
Оваа група на 11-ти јули ја презема одговорноста за нападот со автомобил бомба врз италијанскиот конзулат во Каиро во кој загина еден цивил, што беше првиот напад врз странско дипломатско претставништво откако во јули 2013 година во Египет од власт беше соборен претседателот Мохамед Мрси, кој потекнува од подоцна забранетото исламистичко панарапско движење Муслиманско братство./крај/мф/сн
Извор: Hina
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
МОЛ го презема српскиот НИС
Министерката за рударство и енергетика на Србија, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, изјави дека е постигнат договор меѓу руската и унгарската страна, што треба да доведе до поволен исход во процесот на трансформација на Нафтената индустрија на Србија (НИС).
„МОЛ и ‘Гаспромнефт’ се согласија за основните одредби од идниот договор за продажба на НИС, кој ќе биде испратен до американската администрација за одлука, а Србија успеа да го зголеми својот удел во сопственост за пет проценти во преговорите“, рече министерката.
Изјавата доаѓа по неколку месеци интензивни разговори и неизвесност за иднината на NIS, дополнително интензивирани од геополитичките притисоци, санкциите против руските енергетски компании и растечкиот интерес на Европската Унија за структурата на сопственост и управување со стратешките енергетски системи во регионот.
Ѓедовиќ Хандановиќ потврди дека МОЛ и „Гаспромнефт“ се согласиле за основните одредби од идниот договор за продажба.
„Тоа беше барање на американската администрација и како такво ќе биде испратено до американската администрација за одлука. Важно е што во овие преговори Србија успеа да ја подобри својата позиција во споредба со 2008 година, кога останавме под 30 проценти сопственост. Беше договорено дека во иднина ќе го зголемиме нашиот удел во српската нафтена индустрија за пет проценти и ќе го достигнеме бројот на акции што ќе ни овозможи поголеми права за донесување одлуки во Собранието на акционери“, рече министерката.
фото/епа
Регион
(Видео) Непалските работници во Хрватска штрајкуваат поради ниски плати и лоши услови
Неколку часа траеше прекинот на работата во складиштето за овошје на логистичко-дистрибутивниот центар на „Плодине“ кај Кукуљаново, откако непалските работници изразија незадоволство од условите, јави „Индекс“
Синдикатот NSRH информира дека странските работници, најмногу од Непал, реагирале на ниските плати, прекувремената работа и условите. Во објектот работат околу 100 странци и околу 70 домашни работници.
Синдикатот предупреди и на случајот со седуммина непалски работници кои по зачленување во синдикат биле изложени на притисоци и закани со губење на работен и престојувачки статус.
Штрајкот е прекинат откако им било ветено дека во понеделник ќе имаат средба со лице од повисоко раководно ниво.
Регион
Европската комисија повторно бара истрага за можната употреба на звучен топ на протестите во Белград
Европската комисија уште еднаш ги повика српските власти да спроведат брза, транспарентна и веродостојна истрага за наводната употреба на звучен топ за време на антивладиниот протест во Белград на 15 март 2025 година, јави Радио Слободна Европа (РСЕ).
Повикот доаѓа откако европските медиуми повторно го покренаа прашањето, а Политико објави дека српските разузнавачки служби, во соработка со руската ФСБ, тестирале звучни уреди на кучиња во обид да утврдат дали е користено звучно оружје врз демонстрантите.
Во извештајот што српскиот претседател Александар Вучиќ го презентирал, се тврди дека уредите не предизвикале реакции кај животните, па оттука било заклучено дека звучен топ не бил користен на протестот. Руската страна не коментираше за извештајот, пренесе РСЕ.
Во изјавата на Европската комисија се нагласува дека „односите со Русија не можат да продолжат како и досега, особено кога се работи за безбедносни прашања“, и се потсетува дека властите имаат обврска да ги заштитат демонстрантите од повреди и насилство.
Српските власти подоцна признаа дека полицијата поседува звучни уреди, но тврдат дека „никогаш не биле употребени“.
Демонстрантите сведочеле за силни и необични звуци, вибрации и здравствени тегоби по протестот – како вртоглавици, несвестица, покачен притисок и нарушувања на слухот.
Настанот го истражува и Европскиот суд за човекови права.
Фото: ЕПА

