Регион
Потврдени се четири жртви во една од најтешките сообраќајни несреќи во Словенија
Најмалку четири лица загинале во една од најтешките сообраќајни несреќи кои се случиле во Словенија во која учествувале 71 возило, потврди полицијата во саботата навечер, иако некои медиуми говорат за пет жртви и триесетина потешко повредени.
Густата магла е основната причина за верижниот судир кој се случи на автопатот Љубљана – Копер, во саботата околу 14 часот. Поради големиот број возила кои учествувале во несреќата, меѓу кои и најмалку четири камиони и автобус, автопатот е затворен во саботата навечер.
Засега не е познато дали меѓу загинатите и повредените има странски државјани. Медиумите пишуваат дека поради многу тешко повредени, бројот на жртвите би можел да се зголеми
Во Универзитетскиот клинички центар во Љубљана биле пренесени седум повредени, кои се надвор од животна опасност, а уште две лица со тешки повреди треба да бидат довезени од болница во близина на Копер. Во болницата во Изола, пак, биле довезени 22 повредени, од кои деветмина се хоспитализирани, а двајца од нив се во критична состојба.
Словенечката полиција објави дека несреќата се случила меѓу местата Сеножече и крстосувањето кај Нанос во правец на Љубљана, а причината е многу малата видливост поради маглата, неприлагодената брзина и премалата безбедносна оддалеченост меѓу возилата.
Автопатот уште е затворен за сообраќај и по 22 часот. Во помош на настраданите и санирањето на местото на несреќата покрај полицајците ангажирани се и 70-ина пожарникари, а се очекува дека акцијата за расчистување ќе трае уште неколку часа./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

