Регион
Пожарите во Грција делумно под контрола, ризикот и натаму висок

Шумските пожари во Грција делумно се ставени под контрола во саботата навечер и повеќе не претставуваат закана за населени област, меѓутоа силните ветрови се закануваат со разгорување на пожарите на југот од земјата, соопшти противпожарната служба.
Според противпожарната служба на Грција во петокот само за неколку часа избувнале 59 пожари, подзасилени од ветерот и високите температури. Најголемата стихија беше источно од главниот град Атина и во јужниот дел од полуостровот Пелопонез.
Четириесет иседумгодишен маж исчезнал во текот на противпожарната акција на планината Химетус источно од Атина, објави локалната полиција.
Во источниот дел од главниот град десетици кучиња и други животни во последен момент биле спасени од засолниште, а активистите за заштита на животните им се заблагодарија на возачите кои се запирале и во своите возила ги земале животните./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.