Регион
Притвор за српски опозиционер поради закани

На членот на опозициска Демократска партија (ДС), Горан Икрашев од Нови САД, во неделата му е одреден 30-дневен притвор, поради сомневање дека упатувал смртни закани на челникот на ДС и претседател на владата на автономната покраина Војводина, Бојан Пајтиќ.
Српскиот министер за надворешни работи Небојша Стефановиќ во петокот соопшти дека полицијата го идентификувала лицето осомничено за испишување на графитите „Смрт за Пајтиќ“ во Нови Сад и заканите упатени кон челникот на војводинските демократи Бојан Пајтиќ, истакнувајќи дека станува збор за 37-годишно лице, коешто според лично тврдење, е член на ДС од 1997 година.
Горан Икрашев истиот ден е приведен и задржан во полициска станица 48 часови, а во неделата му е одреден притвор во траење од 30 дена. Соопштението на министерот Стефановиќ, инаку член на владејачката Српска напредна партија (СНС), на вонредната прес-конференција поттикна вистинска војна со соопштенија и меѓусебни обвинувања меѓу двете партии, па овој случај доби во прв ред политичка конотација.
Иако Стефановиќ истакна дека „полицијата нема да дозволи никому во Србија да му бидат упатувани закани“ и дека никој „не може да биде над законот“, од ДС ја обвинија СНС дека ги злоупотребува државните институции во рамките на кампањата што ја води против владата на Пајтиќ во Војводина./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.
Регион
(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.