Регион
Продолжуваат разговорите меѓу Белград и Приштина за нормализација на односите
Во Брисел продолжуваат разговорите за нормализацијата на односите меѓу Србија и Косово под покровителство на Европската унија (ЕУ), а двете страни сега ќе се осврнат на поглавјето 35 од преговорите на Србија и ЕУ, посветено на Косово.
Разговорите меѓу двете делегации во четвртокот завршија со парафирање на планови за конструкција на подобро интегрирани гранични премини на административната линија меѓу Србија и Косово, а во петок тимовите на двете страни одвоено ќе преговараат со експертите на Европската комисија (ЕК), пренесуваат српските медиуми.
Целта на дијалогот кои претставниците на Белград и Приштина го водат со европските експерти е да се разјаснат деталите од отворањето на ова поглавје, кое според плановите на ЕУ треба да биде отворени меѓу првите, а затворено меѓу последните поглавја во процесот на придружувањето на Србија кон Унијата./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Фото+видео) Масовни протести во Белград
Илјадници луѓе излегоа на протест во Белград. На студентите им се приклучија и здравствени работници, земјоделци, актери, граѓани.
Бараат одговорност за трагедијата во Нови Сад и гонење на насилниците кои со недели провоцираат на мирните блокади.
U 16 časova na Trgu Slavija okupili su se studenti, poljoprivrednici i građani na protestu, čiji je cilj, kako su najavili da skrenu pažnju na svoje zahteve.
Na snimcima iz drona se vidi da su građani upalili bliceve na svojim telefonima, a u daljini se mogao videti i vatromet. pic.twitter.com/snsts2dfTs
— TV N1 Beograd (@n1srbija) December 22, 2024
Во моментов блокирани се сите централни улици.
Može neko da prebroji? pic.twitter.com/w9ZxjsObz9
— Nikola Jovanovic (@PeckoPivo) December 22, 2024
По петнаесетминутниот молк од 16:30 до 16:45 часот, со кој им се оддаде почит на жртвите на Железничката станица во Нови Сад, од 16:45 до 18:00 часот беа изведени студентски претстави.
40 i kusur godina živim u Beogradu, nikada do sad nisam doživeo ovakvu zaglušujuću tišinu na Slaviji.#studentskiprotesti #beograd pic.twitter.com/nVb3Iff61p
— mcbane (@mcbane23) December 22, 2024
Beograd nikada lepše i jače nije sijao! ✨️😌🤩 pic.twitter.com/2xEkBjrrUF
— Milica Matić (@milicamatic_) December 22, 2024
Секој ден во Србија студенти, ученици и граѓани застануваат по 15 минути на градските сообраќајници, со цел да им оддадат почит на жртвите од падот на бетонската настрешница на Железничката станица во Нови Сад.
Блокирани се над 50 факултети на четири државни универзитети, неколку ректорати и десетици средни училишта.
За потсетување, 15 лица загинаа, а двајца беа тешко повредени во уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември.
Во текот на предистражната постапка, Вишото јавно обвинителство сослуша повеќе од 100 лица и нареди полицијата да поднесе кривична пријава против 13 осомничени.
По рочиштето, судот одреди притвор за 11 осомничени и куќен притвор за две лица, а на поранешниот министер за градежништво Горан Весиќ неколку дена подоцна му беше укинат притворот.
Регион
Албанија го забрани ТикТок откако тинејџер беше смртно прободен минатиот месец
Албанија објави едногодишна забрана за TikTok по убиството на тинејџер минатиот месец, што ги зголеми стравувањата за влијанието на социјалните медиуми врз децата.
Премиерот Еди Рама, ја потврди забраната, како дел од поширокиот план да се направат училиштата побезбедни, по состанокот со групите родители и наставниците од целата земја.
„За една година, целосно ќе го затвориме за сите. Нема да има TikTok во Албанија“, рече Рама.
Рама ги обвини социјалните медиуми, а особено ТикТок, за поттикнување насилство меѓу младите во и надвор од училиштето.
Одлуката на неговата влада доаѓа откако 14-годишен ученик беше избоден до смрт во ноември од соученик.
Локалните медиуми објавија дека до инцидентот дошло по расправии меѓу двете момчиња на социјалните мрежи. На TikTok се појавија и видеа од млади луѓе кои го поддржуваат убиството.
„Проблемот денес не се нашите деца, проблемот денес сме ние, проблемот денес е нашето општество, проблемот денес е ТикТок и сите други што ги земаат нашите деца како заложници“, рече Рама.
Забраната се очекува да стапи на сила на почетокот на следната година.
Неколку европски земји, вклучувајќи ги Франција, Германија и Белгија, воведоа ограничувања за користење на социјалните мрежи за деца.
Во една од најстрогите регулативи во светот насочени кон големата технологија, Австралија во ноември одобри целосна забрана на социјалните мрежи за деца под 16 години.
Регион
„Видов дете на подот од училницата, се плашев од најлошото“: родителите раскажуваат за моментите на ужас во Загреб
Цела Хрватска е во шок поради трагедијата во Загреб. 19-годишен напаѓач со нож утрово влегол во основно училиште, ги нападнал учениците и наставничката. Едно дете загина, неколку се повредени. Наставничката е оперирана и е стабилна, според написите.
Напаѓачот е повреден и е под полициски надзор, едно дете е пренесено во болница со хеликоптер, а очевидците на овој невиден чин се во неверување, пренесуват медиумите.
Репортерката на „Дневник“, во разговар со две мајки на деца кои одат во тоа училиште, пренесува дел од моментот.
„Родителите се уште се во шок и потресени, нема вистински зборови со кои може да се опише тагата и болката на починатото дете. Тие спонтано почнаа да се собираат на училишното игралиште, палат свеќи, носат играчки и пораки за починатото седумгодишно дете“, вели таа.
Револтираните родители кои беа сведоци на ужасните сцени од утрово истите ги раскажаа во изјава за медиумот.
„Ми се јави другарка, инаку, син ми оди во истиот клас каде што се случи трагедијата. На повик на другарка, чија ќерка оди во истиот клас, јас буквално дојдов овде во пижами. Добив информација дека некој со нож бил во училиштето, најдов 10-15 родители, никој ништо не знаеше, но во рок од пет минути сите родители беа околу училиштето, ги повикуваа своите деца и бараа да ги пуштат надвор“, рече Маја Јелиќ.
„Ја барав ќерката на другарка ми, па се шетав покрај училиштето и училниците, видов дете како лежи на подот од училницата во локва крв, онесвестено и… се плашев од најлошото, што на крајот се случи“, рече таа и напомена дека ќе се плаши да ги прати децата на училиште.
„Апсолутен страв владее и ќе владее уште некое време. Мислам дека сега се плашат и учениците и родителите и наставниците од сите други училишта. Каде сме ние овде што сме сведоци на се“, заклучи една од мајките.
„По тој настан ни се јави наставничката да провери како се децата и како сме ние. Добивме инструкции од класниот претставник во советот на родители за психолошка помош во кризни ситуации“, раскажува друга мајка Мартина Павичиќ Одобашиќ.
„Ме повика наставничката на мојот син кој ги немаше првите три часа. Инаку имам две деца кои одат во ова училиште, второто дете беше на училиште за време на овој настан. За време на евакуацијата наставничката ми се јави и ми рече: „Те молам, остави го синот дома, напаѓачот е во училиште, заклучете се. Не ми се верува дека била толку прибрана и дека знаела дека моето дете не е на училиште и дека треба да остане дома“, вели мајката во изјава за медиумот.