Контакт

Регион

Прокурдските активисти во Истанбул против пучистите и вонредната состојба

Објавено пред

Неколку илјади прокурдски активисти се собраа во Истанбул во саботата вечерта за да го изразат противењето кон почистите, но и кон вонредната состојба којашто ја прогласи турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган по неуспешниот обид за воен преврат.

Демонстрантите се собраа на повикот на главната прокурдска Народна демократска партија (HDP) во северниот истанбулски кварт извикувјаќи „Не за пучистите“.

„Не сакаме воен удар во земјата“, изјавила за AFP триесетгодишната Латифа, приврзаничка на HDP, додавајќи дека „Политиката на Ердоган не оди во прилог на демократијата“. „Ние сакаме демократија, но не неговата“, порачала.

„Да се бориш против пучот е праведно, легитимно и оправдан. Меѓутоа, мерките кои се преземени само ќе го отворат патот за уште поголема неправда“, смета претседателот на локалниот огранок на HDP и адвокат Селахатин Демирташ, еден од учесниците на протестот.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган прогласи во средата тримесечна вонредна состојба на територијата на цела Турција, уверувајќи дека тоа ќе им овозможи на властите брза и ефикасна акција против одговорните за неуспешниот обид за пуч од ноќта на 15-ти јули.

Таа мерка беше „неопходна за брзо искоренување на сите елементи на терористичката организација вмешани во обидот за пуч“, рече Ердоган алудирајќи на мрежата на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен кого го обвини дека го поттикнувал пучот. Ѓулен, кој од 1999 година е во доброволен егзил во САД, ја негира својата вмешаноста во овие настани./крај/мф/сн

Извор: AFP



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Ѓукановиќ: Срамота е како Русија се однесува кон Црна Гора

Објавено пред

Кабинетот на шефот на црногорската држава реагираше на изјавата на портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, со изјава во која се вели дека е срамен начинот на кој Русија се однесува кон Црна Гора и нејзиниот претседател.

Захарова вчера изјави дека обвинувањата на Ѓукановиќ против официјална Москва и Руската православна црква се негов обид да се врати на власт.

Реагирајќи на обвинувањата на црногорскиот шеф на државата, таа оцени дека групата околу Ѓукановиќ упорно продолжува да игра на црковна карта и дека целта е да се воведе конфузија, да се поделат Црногорците на пријатели и непријатели и да се подигне нивото на напнатост во општеството со цел да се врати моќта под негово покровителство.

Кабинетот на Ѓукановиќ во неделата соопшти дека Русија и Руската православна црква ја дестабилизираат Црна Гора во обид да ги задоволат „империјалните амбиции“ на официјална Москва и „амбициите на Голема Србија“ од Белград.

„Повторно доаѓаат изјави од Москва, во кои се вкорени зборот ‘срам’. Зборот што најдобро одговара на она што го прават претставниците на секуларните и духовните власти на Русија, продолжувајќи да се мешаат сè поотворено во внатрешните работи на Црна Гора, со груби клевети на шефот на пријателска држава. Измислувајќи дека мнозинството граѓани на Црна Гора ја поддржуваат Српската православна црква“, се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот на Црна Гора.

Тие не можат, велат од таму, всушност да сокријат колку се повредени од „таканаречената“ евро-атлантска ориентација на Црна Гора.

Прикажи повеќе...

Регион

ЕУ предлага средба меѓу Вучиќ и Курти во Брисел

Објавено пред

Министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел, и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, се во телефонски контакт со српскиот претседател, Александар Вучиќ, и косовскиот премиер, Албин Курти, со цел итно да се намалат тензиите во северот на Косово, како и за евентуален состанок на Вучиќ и Курти во Брисел, пренесуваат медиумите во регионот.

„Специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, се врати од Белград во Брисел и сите наши напори се насочени кон намалување на тензиите и враќање на дијалогот“, изјавиле дипломатски извори во Брисел.

Според натписите, ЕУ нотира дека е подготвена да посредува во дијалогот меѓу двајцата лидери, што би се одржал во Брисел и чија главна тема ќе биде решавање на моменталната ситуација во Косово.

Кога станува збор за имплементација на Бриселскиот договор, кругови блиски до шефот на дипломатијата на ЕУ во изјава за регионални медиуми нагласуваат дека сите договори постигнати досега во дијалогот меѓу Белград и Приштина се „на маса“ и дека „никој не ги повлече“.

Се додава дека ЕУ и САД се целосно обединети во нивната порака дека е во интерес и на Белград и на Приштина да се смири ситуацијата на терен и дека во спротивно двете страни се во загуба.

По повод ситуацијата на Косово, еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеи, денеска повика на воздржување, намалување на тензиите, враќање на дијалогот и обезбедување слобода на движење.

„Едностраните акции никогаш не биле решение. Тие само водат до непотребни тензии и мора да бидат повлечени“, изјави Вархеи од својот твитер-профил.

Прикажи повеќе...

Регион

„Еуроактив“: Вашингтон го зголемува притисокот врз Софија за евроинтеграцијата на Скопје

Објавено пред

Вашингтон го зголемува притисокот врз Бугарија, барајќи од неа да се откаже од ветото за интеграција на Северна Македонија во ЕУ и брзо да ја одобри преговарачката рамка на Скопје за членство во Унијата, пишува „Еуроактив“.

„Погрешно е Бугарија да користи билатерален спор за да ги запре аспирациите на Северна Македонија кон ЕУ. Тие го претвораат ова во мултилатерално прашање што нè засега сите нас“, рече новиот специјален пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

Според него, понудени се некои „добри решенија“ за решавање на прашањето и Вашингтон ќе продолжи да ја притиска Софија да најде компромис.

Ескобар, исто така, рече дека би сакал пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија да се случат оваа година, додавајќи дека двете земји го заслужија тоа.

Вашингтон ја поддржува интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ како начин за спречување на зголеменото влијание на Кина и Русија во регионот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија29 минути

Законот за употребата на јазиците нема да се менува во завиност од пописот, рече Заев

Пописот нема ретроградно да влијае на Законот за употреба на јазиците, туку целта е да се знае колку граѓани има...

Економија1 час

Имот над 30 илјади евра чие потекло нема да може да се докаже ќе биде конфискуван

Ќе се конфискува имотот од над 30 илјади евра чие потекло нема да може да се докаже, предвидува драфт верзијата...

Македонија2 часа

Наставата продолжува со физичко присуство, состојбата со ковид во училиштата засега е стабилна

Состојбата со Ковид-19 во училиштата е стабилна, се следи на дневно ниво и според проценките на Главниот координативен кризен штаб,...

Македонија2 часа

Софијанова: Коронавирусот кај децата најчесто дава полесна клиничка слика, но може да предизвика сериозен синдром

Коронавирусот кај децата најчесто дава полесна клиничка слика која се третира само со симптоматска терапија. Но неопходно е секој случај...

Македонија2 часа

Во Македонија пристигнуваат нови 110.612 дози на „Фајзер“

Денеска ќе пристигнат 110.612 вакцини од производителот „Фајзер-Бионтек“, кои нашата земја ги купи преку  механизмот „Ковакс“. До крајот на годината,...

Регион2 часа

„Еуроактив“: Вашингтон го зголемува притисокот врз Софија за евроинтеграцијата на Скопје

Вашингтон го зголемува притисокот врз Бугарија, барајќи од неа да се откаже од ветото за интеграција на Северна Македонија во...

Македонија3 часа

Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан

Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан и е на 40 место во светот, според истражувањето на Институтот за економија...

Регион3 часа

Хеликоптери на КФОР надлетуваат над премините на северот на Косово, ситуацијата мирна но напната

Покрај припадниците на „Росу“ ситуацијата на северот на Косово ја следеше КФОР, кој патролираше со хеликоптер, пишуваат регионалните медиуми. Главните...

Македонија5 часа

Попишани 1.212.339 луѓе, 378.033 домаќинства и 516.787 станови

Вкупно 1.212.339 лица, 378.033 домаќинства и 516.787 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за...

Македонија6 часа

Вчера се вакцинирале 12.099 граѓани, од нив 2.969 примиле прва доза

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 776.659 граѓани. Прва доза вакцина вчера...

Свет6 часа

Талибанците бараат да се обратат на Генералното собрание на ОН

Талибанците побараа да им се обратат на светските лидери пред Обединетите нации, a за таа пригода го назначија својот портпарол...

Свет7 часа

(Видео) Еден од најсилните земјотреси досега ја погоди Австралија

Земјотрес со јачина од 6 степени, еден од најсилните што е забележан во Австралија, го погоди југоистокот од оваа земја....

Македонија20 часа

Регистрирани 554 нови случаи на Ковид-19, пријавени 17 починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.072 тестирања, а регистрирани се 554 нови случаи на...

Македонија20 часа

Радев: Изјавите и ветувањата во дијалогот со Северна Македонија повеќе не функционираат

Изјавите и ветувањата во дијалогот со Република Северна Македонија повеќе не функционираат и Бугарија очекува јасни правно обврзувачки решенија што...

Свет21 час

Бајден: Не сакам воената моќ на Америка да се користи како одговор на секој проблем во светот

Американскиот претседател, Џозеф Бајден, изјави дека не сака воената моќ на САД да се користи како одговор на секој проблем...

Свет21 час

(Видео) Лава од вулканот на Канарските Острови навлегува во куќите, луѓето се евакуираат

Вулкан на Ла Палма, на северозапад од архипелагот, еруптира во неделата исфрлајќи лава неколку стотини метри високо во воздухот и...

Регион21 час

Лајчак вознемирен за ситуацијата во Косово, повика на смирување на тензиите

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак, рече дека е загрижен за ситуацијата во северно Косово...

Македонија23 часа

И без политичка влада во Софија, продолжуваат разговорите за деблокада на евроинтеграцијата

И покрај тоа што сè’ уште во Бугарија нема политичка влада, разговорите за надминување на разликите и деблокада на нашата...

Македонија24 часа

ДИК со жрепка го утврди редоследот на кандидати на гласачкото ливче на локалните избори

Државната изборна комисија со жрепка го утврди распоредот на кандидатите на гласачкото ливче за претстојните локални избори за градоначалници и...

Регион1 ден

(Видео) Вучиќ: Го одбив предлогот на ЕУ за решение, тоа не е компромис туку понижување на Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се обрати по седницата на Советот за национална безбедност. На седницата се разгледа актуелната ситуација...

Досие