Регион
Пронајдени телата на трите деца кои се удавија во Тиса

Телата на трите деца кои во саботата се удавија во реката Тиса во северниот дел од српската автономна покраина Војводина, се пронајдени и извлечени од водата, објави Радио-телевизија Војводина во неделата навечер.
Нуркачите од Белград кои потрагата ја прекинаа во саботата ноќта околу 22 часот поради темницата, ги извадиле телата на децата недалеку од местото на коешто тие се разладувале. Трите деца се удавиле на дива плажа во близина на местото Ѓала во северна Војводина, кога 15-годишно девојче кое не знаело да плива влегло во реката и била повлечена од водата, а нејзините другарчиња, 12 и 13-годишно момченца, влегле во водата да ѝ помогнат, но сите три биле потопени.
Во времето на трагедијата на истата плажа имало уште две девојченца кои не влегувале во водата, а кога се случил трагичниот настан побарале помош од првиот жител кого го сретнале, тој ја алармирал полицијата, но веќе било доцна. Во потрагата беа вклучени припадници на Жандармеријата и нејзиниот нуркачки тим.
За само седум дена во Војводина се удавија вкупно пет деца. Минатата сабота на Шатриначкото езеро се удавило 17-годишно момче, а овој петок на реката Тамиш кај Панчево се удави 14-годишно дете./крај/мф/сн
Извор: РТВ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките медиуми.
На телото на девојчето наишол маж од Египет, кој веднаш ја известил полицијата со повик на бројот за итни случаи 112. Екипа на Брза помош го пренела телото во Детската болница, каде се очекува да биде извршена обдукција.
Во меѓувреме, полицијата ги проверува списоците на исчезнати лица, но засега идентитетот на жртвата не е утврден.
Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.