Регион
Протест во Нови Пазар против карикатурите во „Шарли ебдо“

Околу 5.000 граѓани на српскиот град Нови Пазар одржаа во петокот мирен протест против објавувањето на карикатурите со пророкот Мухамед во францускиот неделник „Шарли ебдо“.
Неколку илјади лица се прошетаа денеска низ улиците на Нови Пазар за да скренат внимание на тоа дека треба да се почитуваат нивние верски чувства, јави Б92.
Собраните граѓани носеа транспарент на кој пишува „Мухамед“ и извикуваа „Алах е еден“.
На присутните им се обрати имамот Ирфан Малиќ, кој рече дека верниците на мирен и достоинствен начин изразиле послушност и лубов кон пророкот Мухамед.
Она што го сторија новинарите на францускиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“, повеќе зборува за нив, рече Малиќ и додаде дека „современата цивилизација е во морален колапс, во морална и верска криза“. /крај/б92/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.