Регион
Протести против имигрантите во Љубљана и во парламентот
Стотици луѓе се собраа во средата во центарот на главниот град Љубљана на протест против пропуштањето на имигрантите низ Словенија, додека во парламентот на вонредна седница истото го бараше опозицијата, предложувајќи и формирање на „национална гарда“ од доброволци кои би ги штителе границите.
На протестот кој го организираше Словенечката народна партија (SLS), членовите на партијата и нејзините симпатизери порачуваа дека бегалците во Словенија не се добредојдени и ја повикаа владата „да се однесува одговорно и да не оди во ќорсокак“ во кој, како што велат, ја доведуваат оние кои навистина одлучуваат во Европската унија.
Пратениците на Словенечката демократска партија (SDS), на поранешниот премиер Јанез Јанша, бараа во парламентот од владата и од присутната на вонредната седница министерка за внатрешни работи Весна Ѓеркеш Жнидар, веднаш да се запре примањето „илегални имигранти“ од Хрватска, по целата должина на границата да биде поставена бодликава жица и да се дозволи формирање „национална гарда“ составена од патриотски поединци кои би ја штителе границата од нелегално влегување на имигрантите.
Владата не го прифати овој предлог, но министерот за надворешни работи Карл Ерјавец најави дека Словенија во четвртокот ќе реагира на рестриктивните мерки за имигрантите коишто во средата ги воведе соседна Австрија, и оти ќе реагира „реципрочно“ со свои мерки на јужна Шенгенската граница. Можно е воведување лимит на бројот имигранти, најави Ерјавец, признавајќи дека Австрија уште официјално не најавила колку од четвртокот максимално ќе прима имигранти преку Словенија.
Претходно медиумите објавија дека Австрија од четвртот па до почетокот на февруари, од кога целосно ќе се применуваат во средата донесените мерки за построга контрола и селективно пропуштање на имигрантите само од кризните области, ќе прима најмногу 500 имигранти дневно, па истата мерка би требало да се очекува и на границата меѓу Словенија и Хрватска.
Поради лимитот на бојот на имигрантите кој Австрија е подготвена да ги прифати до 2019 година, односно 1,5 отсто од вкупното население, единствената влезна точка по која тие од Словенија во иднина ќе влегуваат е граничниот премин Шентиљ, а ќе престане можноста за нивно превезување во Австрија со возови или автобуси.,
Проверката на имигрантите и на другите патници на австриско-словенечката граница во иднина ќе биде детална, ќе се прегледува целиот нивен багаж и документите. Ќе бидат одбивани оние лица кои нема да побараат азил во Австрија или Германија, како и оние кои претставуваат безбедносен ризик, кои се претставуваат со фалсификувани документи или потекнуваат од ткн сигурни држави. Австрија ќе ги враќа во Словенија и лицата за кои од базата податоци ќе се утврди дека имаат криминално минато.
Словенечките функционери истакнуваат дека следните денови поради австриските мерки ќе биде потребно да се осигури подобра комуникација на државата од ткн балканска бегалска рута.
Љубљана истакна дека поради можноста мигрантскиот бран да зајакне напролет, нема да се тргне оградата од бодликава жица поставена на границата со Хрватска. За оние кои ја сечат или ја оштетуваат жицата, може да е одреди казна до две години затвор. Досега имало 19 такви случаи, а утврден е идентитетот на двајца сторители, објави во среда полицијата од Копар./крај/мф/сн
Извор: STA/Hina
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Борисов: Како Радев ќе се натпреварува со мене, врз основа на што?
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, на средба со градоначалници од партијата во Стара Загора упати критики кон поранешниот бугарски претседател Румен Радев, доведувајќи го во прашање неговото политичко позиционирање.
„Ние сме научени да бидеме скромни, но да бидеш скромен не значи да немаш самодоверба. Кој во оваа држава направил помалку од нас? Како ќе излезе Радев да се натпреварува со мене, врз основа на што?“, праша реторички Борисов.
Осврнувајќи се на новогодишното обраќање на претседателот, тој додаде: „На Нова година со задржан здив го слушавме говорот на претседателот. Кога рече олигархија – нека каже која е. Јас тврдам дека во ГЕРБ нема таква“.
Регион
(Видео) Вториот најголем вид ајкула снимен во близина на хрватски остров
Интересно суштество беше видено минатата недела во морето во близина на Црес, Хрватска.
Вработените во Институтот „Син свет“ добија видео врз основа на кое заклучија, иако не е најјасно, дека најверојатно станува збор за голема ајкула (Cetorhinus maximus). До овој заклучок дојдоа врз основа на карактеристичниот облик на нејзината грбна перка.
Големата ајкула е вид кој е редок, но постојано присутен по должината на источниот јадрански брег.
Повеќето видувања на ова животно доаѓаат од северниот Јадрански дел, вклучувајќи го и Кварнерскиот залив, кој е добро познат како област на Јадранскиот дел со најголема биомаса на зоопланктон, истакнува Институтот.
Тоа е втор најголем вид ајкула во светот, веднаш по кит-ајкулата, и може да достигне должина од повеќе од десет метри.
Тоа е миграторен вид кој се храни со планктон со филтрирање на морето со широко отворена уста и не е опасен за луѓето.
„Со учество во собирањето податоци од страна на јавноста, добиваме вредни информации што им помагаат на научниците во истражувањето и заштитата на морето. Секоја фотографија, секој совет и секој запис во апликацијата придонесува за подобро разбирање и зачувување на нашиот морски екосистем“, рекоа тие.
Регион
(Фото) Загина планинар во Црна Гора
Црногорски планинар загина на планината Хајла. Неговото тело беше пронајдено вчера на црногорската страна од планината, откако беше пријавен за исчезнат во саботата. Спасувачи од Косово и Црна Гора учествуваа во потрагата, а беа известени од хрватски планинари, соопшти Косовската планинска служба за спасување.
Косовската планинска служба за спасување доби повик од косовската полиција во саботата, 21 февруари, за несреќа што се случила на врвот Хајла, на надморска височина од 2.407 метри. Според првичните информации, SOS пораката ја испратила група хрватски планинари. Тие пријавиле дека црногорскиот планинар се лизнал и паднал во клисура на северната падина од врвот и дека изгубиле секаков контакт со него.
Временските услови во областа биле исклучително тешки, што значително ја комплицирало операцијата за пребарување и спасување. Веднаш по приемот на повикот, Косовската планинска служба распоредила тим планински спасувачи и започнала со координирање на операцијата со колегите од Планинската служба за спасување на Црна Гора. Со оглед на географската локација на местото на несреќата и итноста на ситуацијата, започна прекугранична операција.
Екипите, во тесна соработка со црногорските власти и локалните планинари од Рожаје, ја започнаа операцијата во доцните вечерни часови.
Сепак, поради тешките временски услови и слабата видливост, потрагата беше прекината од безбедносни причини и беше одлучено да продолжи во утринските часови.
Во недела, 22 февруари, за време на обемна потрага што се одвиваше во два правци, беше пронајдено безживотното тело на планинарот Ц.Ф..
Телото беше лоцирано на локација позната како „Јама“, на северните падини на Хајла, на територијата на Црна Гора. По завршувањето на процедурите, телото беше транспортирано и предадено на надлежните институции.

