Регион
Протести во Албанија поради новата територијална поделба

Покрај несогласувањето со предлозите за новата територијална поделба во Албанија од страна на македонското и грчкото малцинство, несогласувања има и во повеќе општини кои се укинуваат. Со најновата варијанта која мина на собраниска комисија, Албанија би имала 61 локалнa единицa, а откако оваа одлука беше разгледана од албанската влада, на 23-ти јули предлогот се најде во Собранието на Албанија кое на 30-ти јули (среда) ќе се гласа за неа.
Покрај несогласувањето со предлозите за новата територијална поделба во Албанија од страна на македонското и грчкото малцинство, несогласувања има и во повеќе општини кои се укинуваат. Со најновата варијанта која мина на собраниска комисија, Албанија би имала 61 локалнa единицa, а откако оваа одлука беше разгледана од албанската влада, на 23-ти јули предлогот се најде во Собранието на Албанија кое на 30-ти јули (среда) ќе се гласа за неа.
Поради тоа, во десетина населени места, како во северниот така и во централниот и јужниот дел на земјата, изминативе денови се одржуваат протести на кои се бара владата на премиерот Еди Рама да не го стави на гласање во парламентот најновиот предлог кој доби зелено светло на собраниските комисии.
Во понеделникот беа блокирани неколку локални патни правци во знак на незадоволство од најавите за нова територијална поделба на земјата.
Кога е во прашање новата територијална поделба на Албанија, со која се предлага основање на 61 локалнa единицa, против е и тамошната опозиција. Така, најголемата опозициска партија -Демократската партија на Љуљзим Баша, смета дека новата поделба што сакаат да ја направат владејачките социјалисти, има цел и на локалните избори, со помош на ваквата територијална поделба, левицата да извојува победа.
Инаку, партијата на Македонците во Албанија – Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) бара покрај општината Пустец, којашто останува како општина, свои општини да имаат и Македонците во Гора и Голо Брдо.
Освен Македонците, против одлуката се и Грците во Албанија, кои бараат општината Химара да не се укинува и да не се присоединува со повеќе општини со албанско население.
Партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) објави пред десетина дена дека е против новата мапа на административно-територијална поделба на Албанија, со 61 општинa усвоени од страна на Собраниската комисија за територијалната реформа. Раководството на партијата беше за територијално-административна реформа во која ќе се земеа предвид интересите на граѓаните и правата на малцинствата. Меѓутоа, смета дека усвоената варијанта од страна на Собраниската комисија за територијална реформа не ги зема предвид критериумите поставени од страна на владата што се однесуваат на припадниците на малцинствата, Уставот на Република Албанија, конкретно членот 20 кој се занимава со почитувањето на малцинските права, членот 108 став 2 која се занимава со локалните власти, Европската повелба за локална самоуправа, Рамковната конвенција заштита на правата на малцинствата кои Албанија ги има потпишано и ратификувано“, велат од партијата.
Според партијата, со усвоената верзија не се земени предвид барањата на македонската заедница во Албанија, освен општина Пустец која се предвидува да остане, а се укинуваат општини во областите Голо Брдо и Гора, поткопувајќи ги правата и губењето на идентитетот на македонската заедница.
Од МАЕИ, „како лојални граѓани на Република Албанија, со целосно почитување на Уставот и законите на државата“, бараат од институциите одговорни за оваа реформа да ги земат предвид нивните предлози во регионот на Пешкупија, општините Стеблево, Требиште и Острени, во областа на Голо Брдо да се обединат и да се создаде општина Голо Брдо. Во регионот на Кукс, општините Шиштавец, Топојан и Запот во областа Гора да се обединат и да се создаде општина Гора, додека во регионот на Корча општина Пустец во областа на Преспа да се преименува во општина Преспа. Исто така, бараме помош од меѓународните организации да го спречат укинувањето на општините каде што живее македонското малцинство, затоа што ова наше барање е поврзано со исполнување на препораките за малцинствата кои Европската унија ги бара од нашата држава на патот кон европската интеграција“, соопштуваат од МАЕИ.крај/мф/мн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ: Реков дека нема помилување и се чувствував лошо, ова се наши деца

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека можеби ќе помилува некои од уапсените студенти, иако пред неколку дена изјави дека нема да го стори тоа.
„Размислував за тоа пред неколку дена. Реков дека нема да има помилувања и се чувствував лошо. Ова се наши деца, можам да им помогнам. Можам да одам подалеку од мојот збор за да ги спасам животите на другите, бидејќи така како што размислуваат, нема да можат да најдат работа никаде. Ќе им остане дамка до крајот на животот“, рече Вучиќ, според Нова.рс.
Тој нагласи дека е претседател и на оние луѓе кои велат дека тој е дилер на дрога и дека неговиот татко не е негов татко. „Јас морам да се грижам за нив“, забележа тој, додавајќи дека тие паднале под влијание на „пропагандната телевизија на криминалец“.
Вучиќ се обрати во неделата, еден ден по масовниот студентски протест во центарот на Белград.
„Седум месеци терор се случуваат од група луѓе кои го зедоа законот во свои раце. Обвинителството мора да си ја заврши работата, доаѓа време за одговорност. Нема да потпишам помилувања, никаква аболиција“, рече тој во таа пригода.
Регион
Санторини и Миконос се најскапи: од денес, туристите плаќаат нов данок во Грција

Од денес, патниците на крузери ќе плаќаат данок од 20 евра ако патуваат до островите Санторини и Миконос, како и пет евра ако одат на други грчки острови, објави Министерството за финансии на таа земја.
„Како што диктира регулативата, оваа такса ќе се однесува на Санторини, Миконос и други острови во помала мера“, изјави претставник на Министерството за финансии, пренесуваат медиумите во регионот.
Грција минатата година донесе закон за да се обиде да го регулира пристигнувањето на големи бродови на популарните туристички дестинации и да ја олесни инфраструктурата.
Даноците ќе се наплаќаат од 1 јуни до 20 септември, а според регулативата, крузерите ќе ги плаќаат од сопствен буџет, а подоцна ќе ги вклучат во цената на билетот за патниците.
Патувањето со крузери станува сè попопуларно во последните неколку години, а приходите во овој сектор се зголемија за 22,4 проценти во текот на изминатата година.
Регион
Милановиќ: Лицемерни и неискрени ветувања за Украина за членство во ЕУ

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денес изјави дека, за жал, Европската Унија со години убива некои земји, а за тоа недостига волја кај некои актери со одложување на нивните преговори.
„Тоа се Црна Гора, Албанија. Па во таа смисла легитимно е да се зборува за Украина во ЕУ, но можам да забележам дека тоа е земја чии територијални перспективи не се јасни. Таа е во војна, а што се однесува до општите услови за членство, не гледам дека ги исполнува. Тоа се фактите. Што ќе се случи потоа, ќе одлучи ЕУ“, рече Милановиќ.
Милановиќ им го кажа ова на новинарите откога го угости својот полски колега Петер Пелегрини одговарајќи на прашање за членството на Украина во Европската Унија.
„Искрено, мислам дека таквото ветување е лицемерно и неискрено. Ова е ставот кон Украина од првиот ден, од 2013 година. Многу зборував за тоа“, рече Милановиќ, а потоа продолжи да зборува за средствата за одбрана:
„Практично, ѝ дадовме на Украина 35 тенка подарок и ништо не добивме за возврат. Добивме трошки од Германија“.
„Способности, а не проценти, тоа е она што е важно“, рече Милаовиќ и продолжи:
„Разговарав со американскиот претседател Доналд Трамп кажувајќи му, без никаков сарказам, дека цените на оружјето треба да се намалат. Американците, Германците, Французите и Британците се како агенти за продажба на сопствените одбранбени индустрии. А ние, од друга страна, сме купувачи и купуваме неверојатно скапа стока кога ќе ја добиеме. Тоа се фактите и на оној што не му се допаѓа нека престане да живее во свет на фантазии“.
Тој исто така коментира за критиките дека словачкиот претседател Роберт Фицо е руски човек.
„Руски човек, што значи тоа? Го познавам. Тој не е руски човек, дури ни во однос на афинитетите, но во некои критични ситуации ќе се однесува како што се однесува“, рече Милановиќ.
Тој вели дека нема никаква врска со Русите, но не може да биде изненаден кога тоа доаѓа од луѓе што ги поминале своите кариери како руски пудлици.
„Дали е ова уреден начин на комуникација?“, праша претседателот на Хрватска и рече:
„Овие приказни дека сум руски човек се одвратни и доаѓаат од луѓе што треба да внимаваат што зборуваат“, објави хрватскиот портал „Дневник“.