Регион
Први жртви годинава во источна Украина
Двајца припадници на украинските сили и двајца борци на силите на одметнатите рускојазични региони во последните 24 часа на рускојазичниот исток од Украина, се првите жртви од почетокот на годинава и покрај прекинот на огнот, објавија во неделата извори од двете завојувани страни.
Украински полицаец загинал во саботата навечер кај селото Зајцево, 50 километри од Донцеј. Втората жртва е војник кој им подлегнал на повредите здобиени во експлозија на граната во истата област, соопшти украинската армија.
Силите на самопрогласената ткн Народна Република Донецк објавија дека во снајперски оган биле убиени полковник и војник на нивните сили, исто така во близина на Зајцево./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Два земјотреси во Грција: Првиот удар 4,6 степени, а вториот 4,9
Два силни земјотреси утрово ја погодија Грција. Првиот беше со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала, а вториот 4,9. Како што соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC), епицентарот бил островот Крит.
Првиот земјотрес се случил на длабочина од 10 километри, додава EMSC, а епицентарот бил на 40 километри југоисточно од градот Сити, кој има околу 9.000 жители.
Засега нема информации за жртви и материјална штета.
Регион
„Заедно до крај“: Сопружници беа пронајдени прегрнати под урнатините во Јабланица
Босна и Херцеговина на 4 октомври беше погодена од катастрофални поплави, кои однесоа човечки животи.
Тешка е ситуацијата во неколку градови во БиХ, но убедливо најтешка е во Јабланица.
Во екот на разорните поплави што ја погодија БиХ, особено е потресна приказната за брачната двојка Ирмела и Јасмин Чилиќ, чии тела прегрнати ги пронашле спасувачите под урнатините во Јабланица.
Тие останале еден со друг до крај, но за жал не можеле да се извлечат. Биле познати во нивната заедница како топли и грижливи луѓе, а нивната љубов и поврзаност послужија како инспирација за многу луѓе.
Регион
Две лица загинаа во пожар во стан во Белград
Две лица загинаа во пожар во Белград, потврдија за РТС од итната помош.
Пожарот избувнал околу 05:30 часот во стан на вториот кат во Раковица.
Противпожарните екипи се уште се на терен.