Регион
Пусиќ: Ниеден ѕид не може да ги сопре луѓето

Министерската за надворешни работи на Хрватска, Весна Пусиќ истакна дека Загреб нема намера да ја затвора границата кон Србија и ја критикува Европската унија во врска со бегалската криза, со оценка дека ѕидот, кој Унгарија го гради на границата со Хрватска е лоша идеја.
Министерската за надворешни работи на Хрватска, Весна Пусиќ истакна дека Загреб нема намера да ја затвора границата кон Србија и ја критикува Европската унија во врска со бегалската криза, со оценка дека ѕидот, кој Унгарија го гради на границата со Хрватска е лоша идеја.
Таа во интервју за виенскиот дневник „Пресе“ рече дека не постојат планови за затворање на границата кон Србија.
„Ние затворивме одделни премини за да го забавиме бранот, бидејќи не бевме во можност да обезбедиме ниту основно снабдување“, објасни Пусиќ и додаде дека ЕУ требаше да се занимава со прашањето околу ѕидовите уште пред Унгарија да почне да гради ограда кон Хрватска.
„Тоа беше многу лоша идеја, во прва линија за Унгарија“, нагласи хрватската министерка.
Пусиќ подвлече дека ѕидот нема ниту на кој начин да го речи проблемот со бегалците, туку е уверена дека ќе ја изолира Унгарија. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.