Регион
Ракети од Сирија паднаа на аеродромот во турски Газиантеп

Две ракети истрелани од територијата на Сирија паднале во саботата во близина на меѓународниот аеродром Газиантеп, голем град на југот од Турција, околу 40 километри од сириската граница, но жртви немало, извести агенцијата Dogan.
Две ракети истрелани од територијата на Сирија паднале во саботата во близина на меѓународниот аеродром Газиантеп, голем град на југот од Турција, околу 40 километри од сириската граница, но жртви немало, извести агенцијата Dogan.
Еден од проектилите паднал во градината пред зградата за службениците на аеродромот „Огузели“ во Газиантеп, а вториот на празен простор, па нема повредени, наведува агенцијата.
Воени лица и гувернерот на покраината Газиантеп излегле на местото на коешто паднале ракетите.
Многу проектили, коишто според турските власти ги истрелуваат борците на џихадистичката организација Исламска држава годинава паднаа врз пограничниот град Килис. Вкупната бројка загинати во градот во овие ракетирања сега се искачи на 16 жртви, а врз градот од почетоков на годината Исламската држава истрелала повеќе од 40 проектили. Во петокот уште пет лица се ранети во Килис во ракетирање од сириска територија.
Проектилите од сириска територија ретко продираат подлабоко на турската територија. Аеродромот во Газинатеп се наоѓа на четириесетина километри од сириската граница. Засега не е познато дали станува збор за заталкани ракети, истрелани во текот на судирите во северна Сирија, или станува збор за смислен напад врз аеродромот./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.