Регион
Рама го враќа на сцена поранешниот премиер Нано

Албанскиот премиер Еди Рама деновиве имаше неколку средби со поранешниот премиер Фатос Нано што во албанската јавност доби широк публицитет.
Албанскиот премиер Еди Рама деновиве имаше неколку средби со поранешниот премиер Фатос Нано што во албанската јавност доби широк публицитет.
Дел на медиумите ја изнесуваат оценката дека средбата Рама – Нано значи и поддршка на албанскиот премиер за враќање на политичката сцена на екс премиерот и екс лидер на левицата Фатос Нано.
По големите несогласувања на Рама и Нано пред претседателските избори, кога Нано не ја доби поддршката на Рама за да се кандидира за претседател на Албанија, последните средби се сметаат како обид на Нато повторно да добие поддршка од неговата Социјалистичка партија за да се кандидира на претстојните претседателски избори во Албанија .
Засега нема официјални изјави на Рама и Нано за причините на средбите, но медиумите шпекулираат дека Рама сепак сака да му возврати на Нано за услугата што Нано му ја направи на Рама кога му отвори простор за да дојде до врвот на
Социјалистите и да го назначи Министер за култура .
Инаку и Еди Рама и Фатос Нано се деца на високи функционери во времето Енвер Хоџа. /крај/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.
Регион
(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.