Регион
Рама: Македонија во НАТО со претходно спроведување на Рамковниот договор
Албанскиот премиер Еди Рама во Велс на самитот на НАТО изјавил дека Македонија треба да биде членка на Алијансата, меѓутоа претходно треба да го спроведе Рамковниот договор од Охрид.
За да отвори НАТО пат за влез на Македонија во неговото членство, ова земја треба прво да го исполни целосно Рамковниот охридскиот договор, изјавил Рама за албанските медиуми кои го следеа самитот на НАТО во Велс без да прецизира на што точно мисли.„Сите треба заедно да работиме со поголем интензитет за да го отвориме патот за Македонија да биде членка на НАТО. Под А, неопходно е да се врши притисок врз страните за да се реши Одисеата на проблемот со името и под Б, треба да се бара од владата во Скопје да го почитува спроведувањето на Охридскиот договор“, нагласил Рама за албанските медиуми. Дел од албанските медиуми оценуваат дека ова е прва изјава што ја дава албански премиер, и конкретно Еди Рама, во врска со проширувањето на НАТО со членството на Македонија, во којашто се потенцира и условот, кој како да го наметнува Албанија./крај/мф/мн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Ранетата учителка од Пречко закрепнува: „Со телото спасила можеби 10 животи“
Незапаметената трагедија во петокот ја шокираше, разбесне и најмногу ја растажи Хрватска, но и многу соседни земји.
19-годишен млад ментално болен упаднал во основното училиште Пречко и почнал да ги боде учениците. Едно 7-годишно дете почина. Станува збор за ученик од прва одделение во кое упаднал напаѓачот. Според родителите, и тој ученик му се спротивставил на убиецот за да ги заштити своите соученици.
Тешко повредена е и неговата учителка која има 62 години и за која ова беше последна генерација пред пензија. И таа била избодена со нож во обид да спречи напад врз учениците. Ранети се уште три деца. Тешко е повреден и напаѓачот, кој по нападот побегнал во блискиот Здравствен дом и таму се обидел да се самоубие. Полицијата го спречила во тоа.
На социјалните мрежи се објавуваат пораки за поддршка за храбрата учителка која застанала пред напаѓачот со нож во рака. Таа се обидела со своето тело да го спречи и да го држи што подолго, а со тоа им дала можност на децата да избегаат. Децата ги искористија тие неколку моменти и побегнаа како и каде знаеја, некои низ прозорец, некои низ врата, објави Индекс.хр.
Како што објавија некои медиуми, наставничката имала над 30 убоди.
Повредената наставничка е извадена од механичка вентилација и добро закрепнува. Како што објавија хрватските медиуми, од болницата соошштиле дека таа е стабилна, а вчера веќе и била пружена психолошка помош.
Трогнат сум од храброста и смиреноста на ранетиот наставник, кого се надевам дека ќе го посетам кога е можно, но и на другите наставници и вработени во училиштето во овој трагичен настан, се вели во пораката на градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, упатена до родителите и вработените на основното училиште каде што се случи трагедијата.
Регион
(Видео) Српската полиција: На протестот имаше помалку од 30.000 луѓе; Архивата на јавни собири: Имаше 2-3 пати повеќе
Архивата на јавни собири во Србија објави проценка колку луѓе учествувале на протестот што се одржа вчера на белградскиот плоштад Славија. Врз основа на достапните снимки и фотографии, Архивата на јавните собири утврди дека се собрале меѓу 100.000 и 102.000 луѓе.
Beograd, Slavija, protest. pic.twitter.com/PWI4t9on5r
— Petervujin (@Petervujin61176) December 22, 2024
Да потсетиме, тоа беше заеднички протест на студентите среде блокадите на факултетите, каде тие бараат одговорност од властите за несреќата во Нови Сад.
Na današnjem protestu na Slaviji demonstranti su zauzeli površinu od oko 45.000 kvadratnih metara, što znači da je broj prisutnih bio između 2 i 3 puta veći od službene procene MUP-a. Arhiv javnih skupova radi na konkretnijoj proceni, što je u ovom slučaju posebno obiman posao. pic.twitter.com/CgCCLWCryG
— Arhiv javnih skupova (@javniskupovi) December 22, 2024
Српското МВР претходно соопшти дека во моментот на најголемата посетеност на протестот имало од 28.000 до 29.000 граѓани. Снимките со кои се пребројувале учесниците се снимени во периодот од 16:45 до 17:00 часот, објаснуваат од Архивот.
Регион
(Фото+видео) Масовни протести во Белград
Илјадници луѓе излегоа на протест во Белград. На студентите им се приклучија и здравствени работници, земјоделци, актери, граѓани.
Бараат одговорност за трагедијата во Нови Сад и гонење на насилниците кои со недели провоцираат на мирните блокади.
U 16 časova na Trgu Slavija okupili su se studenti, poljoprivrednici i građani na protestu, čiji je cilj, kako su najavili da skrenu pažnju na svoje zahteve.
Na snimcima iz drona se vidi da su građani upalili bliceve na svojim telefonima, a u daljini se mogao videti i vatromet. pic.twitter.com/snsts2dfTs
— TV N1 Beograd (@n1srbija) December 22, 2024
Во моментов блокирани се сите централни улици.
Može neko da prebroji? pic.twitter.com/w9ZxjsObz9
— Nikola Jovanovic (@PeckoPivo) December 22, 2024
По петнаесетминутниот молк од 16:30 до 16:45 часот, со кој им се оддаде почит на жртвите на Железничката станица во Нови Сад, од 16:45 до 18:00 часот беа изведени студентски претстави.
40 i kusur godina živim u Beogradu, nikada do sad nisam doživeo ovakvu zaglušujuću tišinu na Slaviji.#studentskiprotesti #beograd pic.twitter.com/nVb3Iff61p
— mcbane (@mcbane23) December 22, 2024
Beograd nikada lepše i jače nije sijao! ✨️😌🤩 pic.twitter.com/2xEkBjrrUF
— Milica Matić (@milicamatic_) December 22, 2024
Секој ден во Србија студенти, ученици и граѓани застануваат по 15 минути на градските сообраќајници, со цел да им оддадат почит на жртвите од падот на бетонската настрешница на Железничката станица во Нови Сад.
Блокирани се над 50 факултети на четири државни универзитети, неколку ректорати и десетици средни училишта.
За потсетување, 15 лица загинаа, а двајца беа тешко повредени во уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември.
Во текот на предистражната постапка, Вишото јавно обвинителство сослуша повеќе од 100 лица и нареди полицијата да поднесе кривична пријава против 13 осомничени.
По рочиштето, судот одреди притвор за 11 осомничени и куќен притвор за две лица, а на поранешниот министер за градежништво Горан Весиќ неколку дена подоцна му беше укинат притворот.