Регион
Рама: Обединување на Албанците преку Европската унија

Премиерот на Албанија, Еди Рама изјави во понеделникот дека со потпишување на спогодбата помеѓу Албанија и Косово во Тирана извршено е „национално обединување преку Европската унија“.
„Со ова сакам да кажам дека ова е наше национално обединување преку Европската унија“, рече Рама на заедничка прес конфенција со косовскиот премиер, Иса Мустафа, по втората заедничка седница на владите на Албанија и на Косово.
Рама информираше дека договорите потпишани денеска ја опфаќаат безбедноста, културата и земјоделието.
Албанскиот премиер вети дека за време на летото косовските Албанци нема да чекаат во ред на граничните премини со Албанија, туку тоа ќе биде формална контрола по примерот на гранциите со ЕУ.
Албанскиот премиер најави отворање на заеднички конзулат во италијанскиот град Милано. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.