Регион
Рама: Тече процесот на национално обединување на Албанците во рамките на ЕУ
На понеделничката заедничка седница под мотото „Една земја, еден народ, еден сон“ владите на Албанија и Косово во албанската престолнина Тирана ја одржаа втората поред заедничка седница на којашто премиерите Иса Мустафа и Еди Рама потпишаа единаесет договори и меморандуми за билатерална соработка во разни области.
Станува збор за документи кои се однесуваат во областа на меѓусебната безбедност, зајакнување на внатрешната безбедност, заедничко користење на опрема на граничните премини, во сферата на финансиите, културата, образованието, руралните средини, трговијата.
Премиерите на Косово и на Албанија, Иса Мустафа односно Еди Рама нагласија дека оваа се многу битни документи за двете држави. Првата седница на двете влади се одржа во Призрен на Косово, на 11-ти јануари 2014 година.
Албанскиот премиер во изјавата за RTK вети дека косовските Албанци ова лето нема да чекаат на граничните премини со Албанија, туку тоа ќе биде само формална контрола , слично на контролата на границите во Европската унија. Рама најави и отворање на заеднички конзулат во Милано
Инаку Рама пред новинарите изјави дека заедничките документи кои се потпишани го консолидираат процесот на национално обединување во рамките на ЕУ, додека, пак, неговиот косовски колега Иса Мустафа изјави економската соработка на Тирана и Приштина е многу битна и додаде дека последна станица на Албанија и Косово е Брисел.
Косовскиот премиер, пак, изјави дека ќе започне решавањето на проблемите со кои се опфатени „граѓаните на двете земји и нивните бизниси“. „Денеска потпишавме пет договори, четири меморандуми, два протокола и една заедничка изјава. Го истакнуваме договорот од областа на безбедноста и внатрешните работи. Во областа на стопанството полза од договорот ќе имаат двете страни“, изјави Мустафа. /крај/мф/мн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Сијарто: Фокусот на унгарското претседателство со ЕУ ќе биде проширувањето на Унијата на Западен Балкан
За време на претстојното претседавање со ЕУ, Унгарија планира да се фокусира на прашања кои се важни за централна Европа, како што се борбата против илегалната миграција, проширувањето на Унијата кон Западен Балкан и енергетската безбедност, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.
Кога станува збор за проширувањето на ЕУ, Сијарто на прес-конференција со својот чешки колега Јан Липевски рече дека регионот на Западен Балкан не заслужува да чека 14 години и 11 месеци за членство, што, како што вели, го поткопува кредибилитетот на политиката на Унијата, објави унгарската агенција МТИ.
„Тоа е ситуација што треба да се реши, така што унгарското претседателство (со Унијата) има јасна агенда да им помогне на земјите од Западен Балкан да го забрзаат пристапниот процес“, рече Сијарто.
Посочи дека ефектите од миграцијата директно се чувствуваат во Централна Европа од 2015 година и неопходна е сериозна регионална соработка за да се запре мигрантскиот прилив.
„Чешката, словачката и полската полиција ни помогнаа и ни помагаат на јужните граници на Унгарија да ги задржиме илегалните мигранти кои и се закануваат на Европа надвор од границите. Потребни се континуирани заеднички напори на четворицата централноевропски премиери за да се држи под контрола прашањето за квотите и да не се дозволи илјадници или десетици илјади илегални мигранти да се шетаат неконтролирано“, додаде Сијарто.
Шефот на унгарската дипломатија нагласи дека централна Европа „ќе продолжи да се спротивставува на притисоците поврзани со квотите“. Сијарто се осврна и на енергетската безбедност, наведувајќи дека Унгарија и Чешка планираат нуклеарен развој и затоа ќе продолжат да се борат против негативната дискриминација поврзана со нуклеарната енергија во Брисел.
Нуклеарната енергија е одржлив начин за производство на енергија, тоа е безбеден, еколошки и евтин метод за производство на големи количини електрична енергија“, заклучува Сијарто.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.