Регион
Рамуш Харадинај уапсен, па ослободен
Претседателот на Алијансата за иднина на Косово (АЗБК), Рамуш Харадинај во среда е уапсен по потерница која по него ја распишала Србија во 2006 година, јавуваат приштинските медиуми.
Како што јавува српски Блиц, Харадинај бил уапсен на аеродромот во Љубљана, при враќање од Брисел. Претходно Харадинај, бил во официјална посета на Германија, а потоа во Брисел, од каде се упатил за Словенија.По приведувањето по потерница на белградската канцеларија на Интерпол и проверката за што се работи, веднаш бил пуштен. Тој за порталот Gazeta express изјавил дека многу брзо ќе се врати во Приштина и дека единствената штета која му била нанесена е тоа што го пропуштил авионот за Приштина.„Јас не сум уапсен, меѓутоа треба време за чистењето на листата со потерници од словенечкиот систем. Со првиот следен авион ќе се вратам во Приштина“, изјавил Харадинај.АЗБК го осуди апењето на нивните лидер и побара веднаш да биде пуштен на слобода. „Ова веќе навистина нема смисла. Харадинај доброволно се предаде во Хаг, каде беше два пати ослободен од сите обвиненија. Србија би требало веќе еднаш да се реши од тие обвиненија за сите времиња. И тоа треба да биде нормализација на односите меѓу Белград и Приштина. Апсењето на лидерите на партиите ги заоструваат односите меѓу двете земји, и тоа прашање треба да се реши со посредство на Вашингтон“, вели за Блиц аналитичарот Фатмир Шехоли. Тој потсетува дека по исти потерници биле апсени, па пуштени Хашим Тачи и Агим Чеку.Хашкиот трибунал два пати го ослободи од вина Харадинај по обвинението за воени злосторства над Србите и другото неалбанско население во Косово. Власите во Белград против него поднеле 108 кривични пријави поради сомнеж дека извршил кривични дела тероризам, здружување заради непријателско делување и убивање на цивили./крај/м/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

