Регион
Речиси 13.000 мигранти на грчко-македонската граница

Речиси 13.000 мигранти се блокирани на границата меѓу Грција и Македонија од грчката страна, изјави во саботата грчки функционер.
„Овде има 13.000 луѓе и речиси 20.000 во оваа префектура, што е повеќе од 60 отсто од вкупниот број мигранти во земјата“, изјави гувернерот на северната грчка префектура, Апостолос Цицикостас за телевизијата Skai, при надгледувањето на распределбата на храната на Идомени.
„Не можеме повеќе самите да го носиме овој товар“, изјави Цицикостас повикувајќи ја владата во Атина да прогласи вонредна состојба. Грчките власти тврдат дека во земјата се блокирани повеќе од 30.000 луѓе кои пристигнуваат од соседна Турција.
Бројот на баратели на азил, во прв ред Сиријци, Ирачани и Авганистанци, кои се блокирани во Грција, расте бидејќи Македонија ја затвори својата граница и пропушта по стотина дневно кои ќе бидат уредно регистрирани, стравувајќи дека тие би можеле да остана на македонска територија поради рестриктивните мерки што на своите граници ги воведоа другите земји од ткн балканска мигрантска рута сé до Австрија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.