Регион
Рогозин: Проширувањето на НАТО на Балканот е опасен процес
Русија има негативен став за проширувањето на НАТО на Балканот и смета дека тоа е предизвикувачки процес, изјави рускиот вицепремиер Дмитриј Рогозин во интервју за српскиот весник Политика.
Според Рогозин, проширувањето на НАТО со Црна Гора и можноста кон Македонија отвора неколку сериозни прашања. „Ние му пристапуваме на овој процес со недоверба и мораме да реагираме“, вели рускиот политичар.
Тој, исто така, додава дека Русија не гледа со оптимизам на обидите за милитаризација на Балканот. Коментирајќи го тоа што Хрватска се вооружува со балистички ракети, Рогозин потенцира дека Русија „се залага тоа што се случило за време на деведесетите години (од минатиот век) никогаш да не се повтори“, но и дека не ѝ сеедно кога се работи за безбедноста „на својот пријател Србија“.
Рогозин додава дека на Русија по падот на Берлинскиот ѕид ѝ биле ветувани повеќе работи, меѓу кои и дека обединета Германија ќе биде неутрална и дека НАТО нема да се движи кон истокот.
„Сите тие тези беа лаги. Словенија и Хрватска неодамна станаа дел од ЕУ и НАТО со објаснување дека тоа ќе придонесе за засилување на безбедноста на регионот. Уште еднаш го чувствувам целиот цинизам на политиката на НАТО. Кога викаат дека НАТО ќе донесе мир и безбедност во Европа, јас одлучно кажувам дека не верувам во тоа“, порачува рускиот политичар./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ за обидот за атентат врз него и неговото семејство: „Тоа се луѓе кои би убивале деца“
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се обрати на медиумите зборувајќи, меѓу другото, и за апсењата за обидот за убиство врз него.
Вучиќ изјави дека не знае кои се луѓето кои го планирале атентатот врз него и неговото семејство, но дека знае за нивната возраст, додавајќи дека од доказите видел дека станува збор за луѓе кои се спремни од тоа да го тепаат, па до тоа да го убијат неговото дете.
Вучиќ, одговарајќи на новинарско прашање за двајцата мажи кои беа уапсени во Краљево под сомнение дека планирале атентат врз него и неговото семејство, рече дека тоа е евидентирано како доказ.
„Она што го добив во материјалот, не знам точно за кои лица станува збор, знам од каде се, ги знам нивните години, па не навлегувам во сè друго. Единственото нешто што успеав да го видам е како треба да го тепаат моето дете до точка на врескање, до точка на колење“, рече Вучиќ.
„Гледам дека има околу 70 луѓе кои се залагаат тие да бидат ослободени. Зборуваме за луѓе кои би колеле нечии деца, тоа го имаме евидентирано како доказ“, рече Вучиќ.
Регион
(Видео) Додик вежбаше во природа, па порача: „Никогаш не сум бил во подобра форма“
Поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик, објави видео на социјалните мрежи на кое прави чучнувања во природа, што предизвика бројни коментари. Со тоа, тој се придружи на долгата низа политичари кои ги искористија своите физички атрибути и спортски активности за да привлечат внимание од јавноста, пишува N1.
Претседателот на СНСД на платформата Икс објави видео со пораката: „Никогаш во подобра форма“.
Никад у бољој форми. pic.twitter.com/Vh2A3e3E3v
— Милорад Додик (@MiloradDodik) February 22, 2026
Ова ги натера корисниците на социјалните мрежи да се пошегуваат, а се појавија и коментари дека тој се „подготвува за затвор“ или за Олимписките игри. Објавата на Додик е продолжение на трендот што во светот го популаризираше рускиот претседател Владимир Путин, познат по фотографиите на кои ги покажува своите мускули.
Регион
Борисов: Како Радев ќе се натпреварува со мене, врз основа на што?
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, на средба со градоначалници од партијата во Стара Загора упати критики кон поранешниот бугарски претседател Румен Радев, доведувајќи го во прашање неговото политичко позиционирање.
„Ние сме научени да бидеме скромни, но да бидеш скромен не значи да немаш самодоверба. Кој во оваа држава направил помалку од нас? Како ќе излезе Радев да се натпреварува со мене, врз основа на што?“, праша реторички Борисов.
Осврнувајќи се на новогодишното обраќање на претседателот, тој додаде: „На Нова година со задржан здив го слушавме говорот на претседателот. Кога рече олигархија – нека каже која е. Јас тврдам дека во ГЕРБ нема таква“.

