Регион
Романскиот премиер од ЕУ побара рамноправност за Романија и Бугарија

Романија и Бугарија треба да бидат третирани како и сите останати 26 земји-членки на Европската унија (ЕУ), кога станува збор за Механизмот за соработка и верификација за судството, изјави романскиот премиер Виктор Понта во вторникот во Стразбур, пишува романскиот весник Nine O`Clock.
Според Понта, Романија ги исполнила повеќето од обврските предвидени со пристапувањето кон ЕУ, и судството во земја сега е независно и функционално. Според него, еднаков Механизам за соработка и верификација треба да се применува за сите земји-членки, така што ќе има јасни правила за судството, владеењето на правото и основните права и слободи.
„Ние сме членка на ЕУ, рамноправна на сите други. Не може некои да се „порамноправни” од другите“, порачал Понта./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.