Регион
Русија нема да го признае Косово, Србија не воведува санкции против Москва
Рускиот претседател Владимир Путин изјави во четвртокот во Белград дека Русија и Србија имаат цврсти политички односи и дека Москва нема да го менува ставот за Косово чијашто независност не ја признава, додека српскиот премиер Александар Вучиќ повтори дека неговата земја нема да воведува санкции против Русија.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави во четвртокот во Белград дека Русија и Србија имаат цврсти политички односи и дека Москва нема да го менува ставот за Косово чијашто независност не ја признава, додека српскиот премиер Александар Вучиќ повтори дека неговата земја нема да воведува санкции против Русија.
На заедничката прес-конференција одржана по состанокот со рускиот претседател, српскиот премиер Александар Вучиќ нагласи дека Србија нема да воведува санкции против Русија, истовремено истакнувајќи дека Белград нема да се откаже од придружувањето на Европската унија.
„Срам ми е да повторувам дека не сме вовеле санкции и дека нема да ги воведуваме. Тоа оваа влада сигурно нема да го стори“, изјави Вучиќ потенцирајќи дека Србија се наоѓа на европскиот пат и дека од тоа нема да се откаже, како и дека и’ е благодарна на Русија што го почитува тоа и не врши никакво притисок Белград да се откаже од европскиот пат.
„Руската Федерација секогаш ја штитеше Србија, но и Србија покажа дека е пријател на Русија и во тешките моменти“, изјави српскиот премиер.
Рускиот претседател Владимир Путин, откако претставниците на двете земји потпишаа низа договори за билатерална соработка вклучително и во секторот на одбраната, изјави дека економските односи меѓу двете земји се развиваат „многу добро“, како и дека Русија и Србија имаат цврсти политички односи. Истакна дека ставот на Москва по прашањето на поранешната српска јужна покраина Косово и Метохија (Косово) која во 2008 година еднострано со поддршка на САД и водечките земји на ЕУ прогласи независност, нема да се менува. Русија очекува конструктивен дијалог со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) кога Србија ќе претседава со оваа асоцијација.
Путин додаде дека косовското прашање треба да се решава во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност при Обединетите нации и дек Русија ќе го задржи таквиот став и во иднина.
„Ми се заблагодаруваме на (српскиот претседател Томислав) Николиќ и на премиерот Вучиќ на поканата (за посета на Србија). Разговорите минаа во конструктивна и работана атмосфера. И нашите трговско-економски односи се развиваат многу добро“, рече Путин на прес-конференцијата.
Српскиот премиер исто така објави дека од рускиот претседател добил согласност за извоз на рускиот пазар на автомобилите на „Фијат“ кои се произведуваат во Крагуевац, како и дека е договорен значителен извоз на земјоделски производи во Русија. Во текот на разговорите била отворена и темата за зголемување на стоковната размена и решавањето на некои прашања од областа на енергетиката, дополни Вучиќ.
Рускиот претседател Владимир Путин во еднодневна посета на Белград каде што присуствува на парадата, прва по 1985 година, по повод 70-годишнината од ослободувањето на српската престолнина во Втората светска војна, прва по 1985 година, во што учествувале и единици на советската Црвена армија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Автобус изгоре на автопат кај Солун, патниците навреме евакуирани
Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, јавува „Катимерини“.
Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Сите тројца патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот.
Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот.
Фото: илустрација (Depositphotos)
Регион
Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград
Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње.
Полицијата и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград се на местото на настанот, а истрагата е во тек, пренесуваат медиумите во регионот.
Деталите, според написите, засега не се познати, но според извештаите никој не е повреден во експлозијата, но е причинета голема материјална штета, пишува „Телеграф“.
Пејачот бил во куќата
Полицијата веднаш ги блокирала приодите кон куќата по приемот на пријавата.
Припадници на Министерството за внатрешни работи спроведуваат истрага, а форензички експерти собираат докази и ги прегледуваат снимките од безбедносните камери за да го идентификуваат сторителот, пишува медиумот.
Во моментот кога била фрлена бомбата, Чолиќ, неговата сопруга и помладата ќерка Лара биле во вилата.
Според Телеграф, тие спиеле во моментот на експлозијата, а звукот ги разбудил.
Фото: ЕПА
Регион
Фалсификуваните пари за Балканот и ЕУ најчесто доаѓаат од Романија
Најголемите количини фалсификувани пари што пристигнуваат на Балканот и во земјите на Европската Унија потекнуваат од илегални фабрики во Романија.
Криминалните групи ги набавуваат фалсификатите по цена од околу 20 отсто од вредноста на оригиналниот новац, што значи дека за еден милион евра лажни пари се плаќаат околу 200.000 евра.
Според наводите, во Романија се фалсификуваат евра, кувајтски динари и американски долари, додека британската фунта се смета за најтешка за фалсификување.
Членовите на овие групи често се претставуваат како Италијанци, Арапи, Грци или Чеси, а меѓу нив има и криминалци од просторот на поранешна Југославија. Тие преку огласи бараат недвижности, луксузни автомобили, јахти, скап накит, уметнички дела и други вредни предмети.
Средбите најчесто се организираат во градови на северот на Италија, а како алтернативи се користат и градови во Франција, земјите на Бенелукс или Шпанија. Криминалните групи дејствуваат во поголем состав, со цел да ѝ го отежнат работењето на полицијата, пренесе Танјуг.

