Регион
Русин кој сакал да се приклучи на IS уапсен поради грешна порака
Турските власти уапсиле 26-годишен студент по право од кавкаската република Дагестан кој се обидувал да ја премине границата со Сирија и да ѝ се приклучи на џихадистичката организација Исламска држава (IS), откако испратил смс порака дека се одмара „на морето два километра од Анкара“, пишува во саботата весникот Hurriyet.
Младиот човек, чиешто име властите не го откриваат, пред половина година станал припадник на радикална заедница којшто дејствувала во една од џамиите во Дагестан. И покрај тоа што неколку негови пријатели се приклучиле на Исламската држава а родителите го забележале неговото невообичаено однесување и постојано го контролирале, тој успеал да ги измами велејќи дека во Турција оди на летување.
Тој пристигнал во Истанбул на 20-ти јули, а потоа заедно со уште три други лица од претежно муслиманските руски републики имале намера да заминат на боиштето во Сирија, и три дена подоцна се качиле на автобус во јужната турска покраина Хатај. Родителите се вознемириле откако добиле смс порака од синот која содржела географска грешка. Момчето напишало дека се одмора „на море два километра од Анкара“, додека главниот град на Турција е многу подалеку од брегот. Потоа неговите родители допатувале во Турција и се поврзале со безбедносните служби во црноморскиот град Трабзон.
По добиените информации од родителите на рускиот студент, припадниците на турската Национална разузнавачка агенција (MIT) спровеле брза и ефикасна потрага по момчето. Братот близнак на момчето му испратил порака на сервисот Whatsapp со наводно барање да му дозволи да мѕ се придружи, по што му била поставена стапица на местото каде што бил убеден дека треба да ја мине турско-сириската граница.
Во петокот во Трабзон им бил предаден на неговите родители. Според несудениот припадник на Исламската држава, тој немал намера да им се приклучи на џихадистите, туку присилно бил довезен до границата со Турција.
Во редовите на Исламската држава во Сирија и во Ирак војуваат државјани на повеќе од 80 земји во светот, а најголемиот број од нив се обидуваат да дојдат до боиштата преку територијата на Турција. Според руските безбедносни служби во редовите на Исламската држава се регрутирани околу 1.700 државјани на Руската Федерација, а најголемиот дел од нив веќе бидел приведени во турската покраина Килис на границата со Сирија. Во јуни годинава таму беше уапсена и студентката на московскиот државен универзитет Барбара Караулова, којашто набрзо беше депортирана во Русија.
Сунитската екстремна организација Исламска држава се смета за најголемата закана за глобалната безбедност. Во последните три години таа успеа да заземе значителни области на териториите на Ирак и на Сирија, каде што контролира територија со 90 илјади квадратни километри на кои прогласи калифат, а во последниот период го шири своето влијание и во Северна Африка, особено во Либија. Бројноста на екстремната организација, според различни процени варира меѓу 50 до дури 200 илјади борци./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.
Регион
Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“
Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен стимулатор. Пред еден месец новата технологија ја примил загрепчанец кој поради Паркинсоновата болест речиси станал неподвижен.
„Поентата на таа електрода е што стимулира дел од мозокот и на тој начин ја подобруваме клиничката слика, а батеријата освен што стимулира, купува и информации од тој дел од мозокот што го стимулираме и на тој начин можеме да ги подобриме симптомите“, изјави неврохирургот Фади Алмахарик за RTL.
Во КБ Дубрава изминативе 24 години се врши длабока мозочна стимулација, но првиот пациент беше опериран со оваа најнова технологија на крајот на март. Станува збор за 67-годишен загрепчанец со Паркинсонова болест, кој сега е пуштен на домашно закрепнување.
„Во договор со неврологот, стимулацијата се вклучува, терапијата се намалува, пациентот веднаш по вклучувањето на стимулацијата покажува знаци на моторно подобрување. Беше отпуштен дома на физикална терапија и дополнително прилагодување на стимулацијата“, изјави неврохирургот Марина Рагуж.
Веднаш штом ги отстранивме шевовите по 10 дена, почнавме со стимулација и денес пациентот може да вози велосипед, да плива, да се врати на своето секојдневие“, вели хирургот.