Регион
САД: Црна Гора и Косово немаат проблеми со границата

Американскиот Стерјт департмент оцени дека Црна Гора и Косово немаат проблеми со границата, бидејќи спогодбата за демаркација е одредена врз основа на границата од Уставот од 1974 година, пренесоа подгоричките медиуми.
Во извештајот се наведува дека почитувањето на овој договор е еден од условите за визна либерализација за Косово.
„Границите кои се претставени во 2008 година се поклопуваат во сите детали со оние кои се договорени со спогодбата од 2015 година. Потсетуваме дека спогодбата за демаркација е еден од условите на Европската унија за визна либерализација и важен чекор за Косово на патот кон евроинтеграциите“, наведува Стејт департментот.
Црна Гора и Косово потпишаа договор за разграничување во август во виена, но косовската опозиција оцени дека спогодбата е на штета на косово и бара истата да биде поништена.
Косовскиот премиер Иса Мустафа неодамна соопшти дека владата во Приштина бара помош од експерти од САД и ЕУ околу демаркацијата на граничната линија со Црна Гора.
Владата во Подгорица неодамна соопшти дека е подготвена на ревизија на договорот, доколку постои сомневање дека во процесот е направена грешка. /крај/мн/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.