Регион
САД повикуваат во Грција да се стори повеќе за имигрантите
Во Грција е потребно да се стори „многу повеќе“ за имигрантите, а САД разгледуваат одобрување „итна хуманитарна помош“, изјави во петокот во грчката престолнина Атина, помошничката на американскиот државен секретар Викторија Нуланд.
Во четвртокот помошничката на американскиот државен секретар Викторија Нуланд го посети импровизираниот бегалски камп Идомени од грчката страна на границата со Македонија, кој е преполн со луѓе, побара отворање повеќе центри и подобро запознавање на мигрантите со опциите за нивна распределба во Европската унија.
„Потребно е да се вложат многу повеќе напори. Се надеваме дека во следните денови ќе можеме да објавиме доделување итна хуманитарна помош“, рече Нуланд,
Како пример таа го наведе прифатниот центар Дијавати во близина на Солун. По затворањето на ткн балканска бегалска рута, од грчката страна на границата со Македонија се наоѓаат во петокот околу 12.000 луѓе, пренесуваат грчките медиуми.
„Целта на мојата посета е подобро да ги сфатам предизвиците на самото место, да видам како САД можат да ѝ помогнат на Грција и да изразам солидарност“. Време е мигрантите да бидат подобро сместени додека ние работиме на покренување договор на европско ниво, за кој се разговара меѓу ЕУ и Турција, особено за преземање на контролата над приливот на мигрантите“, истакни Нуланд.
Европскиот комесар за хуманитарна помош, Кристос Стилјанидес, по средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас, ја потврди поддршката на Грција и ја нагласи потребата од координирана акција меѓу европските и грчките власти за да помошта на беглаците и мигрантите да биде поефикасна.
Грција, во којашто во моментов се наоѓаа околу 40.000 мигранти и бегалци, побара 480 од 700-те милиони евра колку што ЕУ предложи за помош на државите членки на „првата линија“ на мигрантската криза. Пари за помош на Грција се предвидени и на други ставки од буџетот на ЕУ.
Од споменатите 7000 милиони евра, „300 милиони ќе бидат доделени во 2016 година, а две ради од по 200 милиони во 2017 и 2018 година“, прецизираше Стилјанидес./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.
Регион
Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“
Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен стимулатор. Пред еден месец новата технологија ја примил загрепчанец кој поради Паркинсоновата болест речиси станал неподвижен.
„Поентата на таа електрода е што стимулира дел од мозокот и на тој начин ја подобруваме клиничката слика, а батеријата освен што стимулира, купува и информации од тој дел од мозокот што го стимулираме и на тој начин можеме да ги подобриме симптомите“, изјави неврохирургот Фади Алмахарик за RTL.
Во КБ Дубрава изминативе 24 години се врши длабока мозочна стимулација, но првиот пациент беше опериран со оваа најнова технологија на крајот на март. Станува збор за 67-годишен загрепчанец со Паркинсонова болест, кој сега е пуштен на домашно закрепнување.
„Во договор со неврологот, стимулацијата се вклучува, терапијата се намалува, пациентот веднаш по вклучувањето на стимулацијата покажува знаци на моторно подобрување. Беше отпуштен дома на физикална терапија и дополнително прилагодување на стимулацијата“, изјави неврохирургот Марина Рагуж.
Веднаш штом ги отстранивме шевовите по 10 дена, почнавме со стимулација и денес пациентот може да вози велосипед, да плива, да се врати на своето секојдневие“, вели хирургот.