Регион
САД: Во албанската политика има личности со криминално минато

Мисијата на САД во ОБСЕ во врска со објавувањето на Извештајот на ОБСЕ за локалните избори во Албанија кои се одржаа во јуни годинава, ја изнесува оценката дека на гласачките ливчиња на овие избори имало кандидати со криминално минато.
Во политичкиот живот во Албанија сè уште има личности кои имаат криминално минато се вели во реакцијата на претставниците на мисијата на САД во ОБСЕ.
САД оценува дека и покрај тоа што има прогрес во врска со симнувањата на таквите личности од гласачките ливчиња, сепак и понатаму има такви кои се дел од политиката во земјата.
„Ги повикуваме Албанците да бараат политичките партии да предлагаат кандидати со висока репутација за да може земјата да оди напред“, нагласува амбасадорот Даниел Б. Баир.
Борбата против криминалитетот е клучна за развојот на Албанија, се вели во оценката на мисијата на САД во ОБСЕ./крај/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.