Регион
Седум жртви во судир на грчки патролен брод и чамец со имигранти
Седум лица, од кои три деца и едно доенче, се удавија,а едно лице се води за исчезнато, во четвртокот откако нивниот чамец бил продупчен во судирот со патролен брод на грчката крајбрежна стража, соопшти грчката пристанишна полиција.
Полицијата од морето ги извлекла телата на жртвите во водите меѓу турскиот и грчкиот брег, а помогнале португалски брдо и хеликоптер од Агенцијата на Европската унија за надзор на границите – Frontex.
Исчезнување на вкупно осум лица, пријавиле другите имигранти, вкупно 31 кои успеал да се спасат во судирот со грчкиот патролен брод.
Отворена е истрага за да се утврдат точните околности на инцидентот кој се случил на отворено море, меѓу 30-метарскиот грчки брод и дрвениот чамец со имигрантите недалеку од Мојвос, во северниот дел на островот Лезбос.
Според првичните сознанија на полицијата, имигрантите од чамецот наводно се обиделе да побегнат кога го забележале патролниот брод.
Фоторепортерот на агенцијата AFP, кој ја снимал несреќата од два километра оддалечениот брег, изјавил дека чамецот потонал за две-три минути. Крајбрежните стражи веднаш се обиделе да ги спасат луѓето кои се нашле во морето, а потоа за десетина минути допловил и друг брод, па потоа и хеликоптер.
Бројот на удавените имигранти во водите на Егејското Море постојано расте, а претежно станува збор за жени и деца. Во средата се удави жена со доенче и девојченце во водите крај Лезбос, а минатата седмица едногодишно момченце.
Повеќе од 606.000 имигранти го минаа Средоземното Море од јануари годинава, според податоците на Меѓународната организација за миграции (IOМ), од коишто 466.000 стигнале во Грција. Повеќе од 3.000 луѓе се удавиле на тоа патување, од кои најмалку 300 во Егејското Море./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.
Регион
Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“
Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен стимулатор. Пред еден месец новата технологија ја примил загрепчанец кој поради Паркинсоновата болест речиси станал неподвижен.
„Поентата на таа електрода е што стимулира дел од мозокот и на тој начин ја подобруваме клиничката слика, а батеријата освен што стимулира, купува и информации од тој дел од мозокот што го стимулираме и на тој начин можеме да ги подобриме симптомите“, изјави неврохирургот Фади Алмахарик за RTL.
Во КБ Дубрава изминативе 24 години се врши длабока мозочна стимулација, но првиот пациент беше опериран со оваа најнова технологија на крајот на март. Станува збор за 67-годишен загрепчанец со Паркинсонова болест, кој сега е пуштен на домашно закрепнување.
„Во договор со неврологот, стимулацијата се вклучува, терапијата се намалува, пациентот веднаш по вклучувањето на стимулацијата покажува знаци на моторно подобрување. Беше отпуштен дома на физикална терапија и дополнително прилагодување на стимулацијата“, изјави неврохирургот Марина Рагуж.
Веднаш штом ги отстранивме шевовите по 10 дена, почнавме со стимулација и денес пациентот може да вози велосипед, да плива, да се врати на своето секојдневие“, вели хирургот.