Регион
СИРИЗА: Грција нема го признае Косово

Координаторот на секторот за меѓународна соработка на грчката владејачка партија СИРИЗА, Панос Тригазис за српските медиуми изјавил дека Грција останува на ставот за непризнавањето на косовската независност.
„Во овој момент не можам да настапам во име на владата, туку само во името на СИРИЗА. Сепак, можам да потврдам дека Грција и премеирот Алексис Ципрас и натаму стојат на ставот на претходните влади дека независноста на Косово не треба целосно да се признае“, рекол Тригазис.
Според него, билатералните односи меѓу Атина и Приштина „на одредено ниво веќе постојат“, додека СИРИЗА како свој приоритет ја има борбата за мир и стабилност во регонот.
Тригазис признал дека официјална Атина „претрпела притисок од ЕУ“ на други полиња, но не во врска со надворешната политика.
„Постои заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ, но одлуката за воспоставување на дипломатски односи може да се донесе самостојно. Затоа за таквите работи одлучуваме како суверена држава, имајќи ги предвид националните интереси, но и интересите за регионалниот и меѓународниот мир“, навел тој.
Тригазис потсетил дека планирана е посета на грчкиот премиер Ципрас на Белград во сепптември, во рамките на балканската турнеја, која има за цел „соработка во целиот Балкан поради развој на регионот“./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Украинско комбе се судри со руски камион во Словенија, петмина загинати

На автопатот кој ги поврзува Марибор и Љубљана, во близина на излезот Словенска Коњица, во правец на Љубљана, се случи тешка сообраќајна несреќа во која загинаа пет лица, а две се повредени. Несреќата се случила кога патничко комбе удрилo во камион. Сите жртви биле странски државјани, соопшти словенечката полиција, јавуваат медиумите во регионот.
Според досега утврденото, возачот на комбе со украински регистарски таблички, кое превезувало седум лица, поради несоодветна брзина, удрил во задниот дел од приколка која стоела во ред поради работи на автопат. Пет лица загинале во комбето на местото на несреќата.
Возачот, кој ја предизвикал несреќата, е полесно повреден, додека патничка е тешко повредена. Двајцата повредени се пренесени во болница, а тешко повреденото лице е пренесено со хеликоптер. Идентитетот на загинатите сè уште се утврдува.
Возачот на камионот, руски државјанин, не е повреден, но му е понудена психолошка помош поради сериозноста на несреќата, објавува Радиотелевизија Словенија. Несреќата се случила непосредно пред одморилиштето Тепање, на дел од автопатот каде што се во тек големи работи – се реновираат 13 километри пат, два тунела и три вијадукти. Полицијата потврди дека несреќата се случила пред работната зона каде што се формираат долги редици поради затворени ленти.
Фото: принтскрин
Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.